Протеински шејкови и прашоци

Протеински шејкови и прашоци

Што кога ќе прекинеш со користење на протеински шејкови и прашоци

Епизода 610 – Што ќе се случи кога во периоди кога не вежбам прекинам со користење на протеински шејкови и прашоци? – прашање поставено од @kmickovska

Користењето на шејкови или земањето на протеин по вежбање во ниеден од случаевите ќе нема контра ефект. Многу поголем проблем луѓето во денешно време си прават со недоволниот внес на протеини. Претпоставувам твоето прашање поентира на протеин и протеински прашоци како суплементи. Таков прашок или одреден продукт многу често се користи како регенерациски оброк после вежбање. Исто така многу често луѓе го користат како додаток во исхрана, во појадок или во замена на некој од главните оброци. Тоа е модерен, ефикасен начин како да го задоволиш телото со протеин.

Така да дали ти ќе го користиш 2 месеци, па потоа ќе прекинеш нема да направи никаква разлика. Ова важи само исклучиво доколку класичната исхрана го надомести тоа. Односно тоа значи кога нема да го користиш протеинот како суплемет и понатаму да ја задоволуваш дневната потреба и количина за протеин која што телото ја има. Доколку ти можеби користиш протеин како суплемент и потоа престанеш да користиш, а притоа да не направиш поместување и некакви корекции во класичната исхрана за да внесуваш доволно протеин, тогаш дефинитивно ќе има контра ефект. Недостатокот на било кој нутриент ќе има негативни ефекти врз твоето тело, а особено тоа важи за масти и протеини.

Страв од што

Не се плаши од суплементацијата. Во многу случаеви протеините и протеински шејкови се дури и подобри од класичната верзија на одреден продукт. Страво нема основа иако го разбирам. Тоа не е хемија, и не е прашок или препарат кој што прави некаква магија. Тоа е исклучиво поедноставен начин како да ги задоволиме потребите на нашето тело, во случајов за протеини.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe.

Остави коментар

Your email address will not be published.