Сите типови на масти

Сите типови на масти

Кои се сите типови на масти и за што ми се потребни

Епизода 614 – што се заситени, полинезаситени, транс и сите останати типови на масти? – прашање поставено од @capone007

Не верувам дека овде ќе успеам да влезам во детали, но ќе се обидам наједноставно и просто да разбереш какви масти постојат.

Заситени масти

Ова се масти кои што ги има во храна од животинско потекло. Тоа значи во месо, јајца, млечни продукти. Сеуште многу луѓе веруваат дека намалувањето на заситени масти ќе придонесе за одржување на нормални нивоа на холестерол. Долго наназад постоело тоа верување. Дури и науката некогаш знаела да го потврдува и да го промовира. Но, дефинитивно во денешни времиња се знае дека не треба да се ограничува внесот на заситени масти. Само да се зголемуваат внесови на мононезаситени и полинезаситени како би се создал баланс затоа што заситените масти си имаат своја важност и функција во обавување на многу  процеси во метаболизмот.

Мононезаситени

Ова се такаречените подобри масти, иако јас не би ги поделил на подобри или полоши. Мононезаситени масти имаш во авокадо, маслинки, во маслиново масло и треба да се конзумираат затоа што имаат позитивен ефект врз инсулинот. Тоа значи дека ако ги внесуваш во текот на денот нема можеби да имаш такви напади на глад и падови на шеќер.

Полинезаситени масти

Овде припаѓаат омега 3 и омега 6 за кои што сум сигурен дека имаш слушнато. Омега 3 се од исклучителна важност. Имаат многу влијание врз воспалителните процеси во телото. За разлика од нив, омега 6 не треба да се внесуваат во толку големи количини затоа што многу брзо може да се претера. Претерувањето со омега 6 придонесува да се помагаат воспалителните процеси. Затоа готвењето со сончогледово масло смени го со маслиново или можеби со путер. Тие се многу постабилни масти и поквалитетни кога се работи за готвење.

Транс масти

Овие дефинитивно треба да ги исклучиш и се исклучиво лоши и непотребни за телото. Се добиваат преку процес на хидрогенизација. Тоа е многу штетен процес и претставува претворање на течните масла во тврди. Коцка маргарин на пример е класика за тоа. Комплетно исфрли ги со тоа што ќе ја исклучиш консумацијата на процесираната храна. Транс мастите помагаат различни  воспалителни и дегенеративни процеси во нашето тело и пак ќе повторам, се исклучително штетни за внесување.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe.

Остави коментар

Your email address will not be published.