соја сос

Соја сос

Дали готвење и користење на соја сос во исхрана е здраво

Епизода 681 – Марија ме потикна и ме праша за соја сос, односно дали е добро да се користи и да се готви?

Во прв момент не знаев да одговорам на ова прашање и морав да пребарам и да истражам. Соја сосот е всушност многу стар рецепт од Кина и Јапонија само што имале различни имиња. Оригиналниот рецепт за соја сос содржи 4 до 5 состојки. Тоа се соја, пченица, вода, сол и евентуално некогаш се додава квасец за да ја забрза ферментацијата. Овој рецепт има процес од 5 до 8 месеци додека го добиеме финалниот производ.

Во денешно време соја сосовите кои што ни се продаваат можат да бидат и направени различно од оригиналниот начин. Тоа се прави со посебен процес наречен хидролиза. Овој процес подразбира да се скрати времето потребно за да се добие соја сос со хемиски реакции и модификации. Сојата се загрева на висока температура, се додава хлороводородна киселина и така за неколку денови се добива сосост.

Какви се последиците

Овој процес принудува подоцна да се додаваат и други ароми и состојки во самата течност за да се приближи до оригиналниот вкус, мирис и боја на соја сосот. Сетоа ова всушност го прави неквалитетен, односно се тврди дека има канцерогени состојки и дека самиот процес не е воопшто здрав и не е добро да се внесе во телото. Ов ме натера да погледам на пакувањето и кај мене во фрижидер. Всушност сум го користел овој направен со хемиски модификации :). Дури и не пишува соја сос. Пишува азиски сос со соја.

Така да соја сосот е супер да се користи во исхраната и е здрав се додека се работи за оригиналниот рецепт. Во моментов не сум сигурен како стои ситуацијата во маркетите кај нас во Македонија и дали постои воопшто оригиналниот рецепт, но вреди да се истражи и провери.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.