после породување

Со која диета да почнеш после породување

Хроно како избор за после породување

Епизода 697 –  дали после породување можам да се ставам на диета како на пример хроно? – прашање поставено од Јана.

Јана теоретски можеш и тоа би функционирало. Не само хроно, туку било која диета. Тука не зборуваме само за тип на диета. Многу е поголемо прашањето дали тоа ќе фунционира за тебе. Дали хроно, дали ун, теоретски функционира, но тоа не значи дека и во пракса ќе функционира.

Она што многу од вас прават грешка е тоа што се фокусираат на времето и количинат на килограми што ќе ги намалат. Диета која што има некакво име мене секогаш ме плаши. Наговестува “многу и брзо”, но од друга страна жртвата потребна за да го постигнеш тоа е истата причина и зошто ќе се откажеш. Новите мајки особено после првите месеци главата не знаат каде им е. Тоа значи дека ти ќе бидеш преоптеретена со многу поприоритетни обврски. Не верувам дека ќе имаш време да се врзеш за некоја рамка и режим во исхраната која што за тебе ќе значи слабеење.

Кое е решението

Која и диета да ја размислуваш барај го решението после 6 месеци. Прво привикни се на новината во твојот живот. Воспостави континуитет во грижата за своето дете. Дури потоа погрижи се за својот изглед доколку не си задоволна со тоа. Дали тоа да биде хроно, ако ме прашуваш мене јас не би ја прифатил затоа што таа е диета која што поразбира рестрикција со овошје. По мене се што подразбира рестрикција на одредена група на продукти особено ако е овошје или зеленчук не е најправилната исхрана. Оставам да биде твој избор која исхрана ќе биде. Јас сум секогаш за бавно, долго и оддржливо, а за мене во пракса тоа подразбира појадок во првиот час од будење и оброци на секои 3 до 4 часа.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *