спондилоза и дископатија

Спондилоза и дископатија – да вежбам или не?

Од каде да почнеш со вежбање со спондилоза и дископатија

Епизода 710 – Дали може да се вежба во теретана доколку имаш вратна спондилоза и дископатија на грбот? – прашање поставено од Марија

Марија конкретно за твоето прашање се обратив кај мојата пријателка Дијана Шивачев. Има доверба не само затоа што има дипломирано кинезиологија и има долго работно искуство. Работи со луѓе како персонален тренер и како човек што им помага да решат слични проблеми како што е ова.

Она што она ми го даде како одговор на твоето прашање е дека, прво не е воопшто опасно да вежбаш фитнес и да одиш во теретана. Единствено пред да го правиш тоа е задолжително да поминеш терапија на физикална. Откако ќе ти заврши тој процес слободно можеш да почнеш на фитнес, но со корективни вежби. Користење на тежини е препорачливо да се внимава на почеток и да не даваш големи оптоварувања. Практикувај корективни вежби додека не ја поправиш малку твојата ситуација па потоа можеш да додаваш прогрес на тежини. Јас би ти препорачал ова да го правиш со надзор од тренер кој што има искуство со овакви дијагнози. Доколку сакаш можам да те поврзам со Дијана и да ти даде уште подлабоки совети и насоки.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.