столица vs. метаболизам

Столица vs. метаболизам

Столица vs. метаболизам – што значат во нашата глава

Порано никогаш не сум имал проблем за тоалет, но исто така и не сум имал појма каков е односот на столица vs. метаболизам. Самото тоа што имав добра столица ме уверуваше и мислев дека имам добар метаболизам. И многумина од вас сигурно го мислат истото. Не знаев дека метаболизмот е нешто многу повеќе, а обработката на храната и столицата се само еден дел од цела таа машина.

Метаболизам

По дефиниција метаболизмот се сите хемиски реакции во телото во кои се создава и се троши енергија. На пример мојот метаболизам троши околу 3500 калории дневно. Истиот функионира во секоја клетка од телото каде што се носат хранливите материи и кислородот. Од истиот тој метаболизам и процесите се исфрлаат отпадните материи и јаглеродниот диоксид.

Столица

Столицата е само еден дел од метаболизмот. Доколку имаш проблем со одење во тоалет дефинитивно имаш и проблем во метаболизмот. И погоре спомнав дека тоа се сите процеси во телот. Но, обратно доколку имаш добра столица не значи дека имаш добар метаболизам. На пример јас имав добра столица, имав и 105 килограми и имав хроничен умор. Тоа е далеку од добар метаболизам.

Секој од нас има различен метаболизам. Тоа значи дека секоја машина различно троши, како кај автомобил. Доколку сакате нормални функции и системи во телото (имунолошки, кардио васкуларен, респираторен, дигестивен итн…), целта на секој од нас би требало да биде да го “забрза” метаболизмот и да му обезбеди добри услови и гориво за работа (воздух, вода, активност и храна). Не постои конкретен продукт што ќе ти помогне да решиш проблеми со столица и дигестија. И не постои продукт или програма за оптимизирање на метаболизмот. Горивото што го споменав пред малку е единственото нешто што ќе помогне да не се случи дефект во метаболизмот.

Затоа не носи заклучоци и претпоставки. Добар метаболизам значи да изгледаш добро, да се чувствуваш добро и да уживаш во добро здравје.

Остави коментар

Your email address will not be published.