трајно отстранување на целулит

Трајно отстранување на целулит

Постои ли начин за трајно отстранување на целулит

Епизода 618 – дали постои трајно отстранување на целулит? – прашање поставено од @krsteva.tamara

Целосно ќе исчезне доколку целосно и трајно практукуваш навики кои што ќе ти помогнат во тоа. И не само во тоа, затоа што не постојат конкретни навики за таргетирање само на целулит. Генерално целулитот е видлив поради тоа што и најмалиот процент  на поткожни масти може да притисне на колагенските влакна. Притиска и на сврзните ткива на кожата и така да се појави таа нерамнина која особено на светло е многу видлива и изразена.

Чекори до решение

Каде треба да се провериш и да влијаеш најмногу. Доколку имаш појава на целулит и покрај тоа што внимаваш на исхраната и вежбаш запрашај се следново. Дали пиеш доволно вода? Запрашај се како си со овошје, а особено со зеленчук? И запрашај се дали можеби имаш некакви дигестивни проблеми? Неправилната работа на дигестивниот систем придонесува за задршки на течности што по автоматизам носи поизразен изглед на целулитот. Така да тие се три работи што се први на списокот. Исто така како суплементација на веќе добрата исхрана би ти препорачал омега 3, колаген и вежбање со тежини.

Ова не се трите работи кои што ќе те ослободат од целулитот. Тоа се само додатоци. Самиот збор додаток значи прво среди си ја основата на исхраната и овие три работи погоре и можеби  ќе си придонесеш. Кремите и третманите и масажите исто така можеби ќе ти допринесат. Сепак се работи за целокупно усогласување на твоите навики, а не на барање на само еден продукт или масажа или крема која што ќе те ослободи.

Искрено трајно и целосно отстранување и покрај овие работи сепак не може да се гарантира. Некогаш и генетиката може да придонесе и знае да биде против вас. Но, дефинитивно вреди да се потрудиш и сигурен сум дека во голем дел ќе си помогнеш.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.