храната за мускулна маса

Храната за мускулна маса

Храната за мускулна маса – доволни ли се само протеини?

Можеби сте слушнале дека храната за мускулна маса е да јадеш многу протеини. Но дали е до крај вистинито? Да, протеините играат голема улога, но тие не се доволно во процесот на создавање мускулна маса. Мускулите се изградени од протеини, но во нивната градба не учествуваат само тие. На пример и куќа се гради во најголем дел со цигли, но без темели и фасада не можеш да влезеш ☺. така и со мускулите. Без јаглехидрати и масти не можеш да рачунаш на нивно зголемување. Можеби се најважни, но сепак не значи дека нешто треба да изостане.

Најчестите грешки

  • Мастите, особено млечните често знаат да бидат избегнувани со цел да се познаваат некои групи на мускули. И тоа не е толку страшно, но не внесување на есенцијалните масти кои телото не ги создава веќе може да биде проблем. Ние сме изградени од клетки вклучувајки ги и мускулите, и секоја клеточна мембрана е всушност маст.
  • Јаглехидратите не треба да се гледаат како непријател. Тие се основно гориво. Можеби треба само да повнимаваш да јаглехидратите што ги внесуваш бидат сложени. Генерално од интегрални тестенини, житарки, интегрален ориз, леблебија итн. Доколку не практикуваш кето, тогаш избегнувањето само ќе придонесе телото да страда за енергија. А тоа значи гориво потребно за регенерација и раст на мускулите. Така не качуваш маса.
  • Протеините се оние кои ги градат мускулите и многу е важно да се внесува доволната количина. Ова особено важи за физички активни луѓе. Недостатокот на протеин за физички активни луѓе и спортисти може да биде фатално. Така се предизвикува повреда, губење на мускулна маса, опаѓање имунитет итн.Како за крај моја препорака е протеините да бидат комбинација на растителни и животински извор во сооднос 50:50. Едните(месо, јајца, млечни производи, риба) носат повеќе протеин и есенцијални аминокиселини. Другите-растителни (грав, леќа, боранија, грашок, печурки, соја, јатки,…) помалку калории и побрза обработка и апсорпција.

Остави коментар

Your email address will not be published.