црвени стрии

Црвени стрии

Што можеш да направиш пред и после појавата на црвени стрии

Епизода 696 – постои ли некаков лек или продукти за црвени стрии? – прашање поставено од Михаил Стојчевски

Иако оваа тема многу е трендинг и поактуелна кај девојките, сепак не значи дека ние мажите не се мачиме со стрии и дека не ни е важен изгледот. Постојат два типа, т.е повеќе типови ако ги делиме по бои, но најчести се црвени и бели стрии. Црвените стрии се само сигнал дека се работи за “тазе” стрии. Црвената боја ја добиваат поради воспалението кое што се случува на кожата. Тие се резултат на менување на кожата и на твојата форма во последните можеби 5 до 6 месеци.

Со тек на време тие избледнуваат, односно стануваат бели бидејќи воспалението исчезнува и веќе процесот на ширење е прекинат. Лек нема, но има начини како да не дојде до тоа. Или доколку дојде, има начини како можеш да си помогнеш. Најчести места на кои што се појавуваат се стомакот и колковите, но не значи дека на други делови од телото ќе ги нема.

Причини, превенирање и третирање

Причинителите може да бидат бременост, покачена телесна тежина, нагло ширење на мускули, пубертетот и исто така кортикостероиди. Нивна преголема употреба и долга употреба знае да придонесе за појава на стрии. Начини како може  да се превенира е се разбира добра исхрана пред се. Пред некој ден зборував за кожата и нејзиното здравје и што се влијае. Дефинитивно целокупна добра исхрана влијае на кожата, хидратацијата исто така. Следно нешто што би издвоил е витамин Д, односно изложување на сонце или ако не си изложен/a да користиш суплемент. Тука е и витамин Ц и цинк, затоа што цинкот спречува и помага за воспаление на кожата. Всушност стриите и црвенилото е воспаление на кожата.

Ако веќе ќе се појават и доколку сакаш да ги корегираш, мислам дека не пости начин кој што ќе ветува за комплетна корекција. Затоа најдобро е да се обратиш кај твојот дерматолог и да ти препорача. Знам дека постојат некои третмани со ласери иако не ја знам нивната ефективност. Има исто така ретеноидни креми. Постојат научни истражувања кои што покажуваат дека тие прават подобрување. OTC кремите односно тие креми кои што ние си ги користиме за хидратација на кожата, немаат суеште цврста научна основа дека можат да ти помогнат. Во секој случај можеш да се обидеш. За прекривање има некои опции што денес се користат, а тоа се “self tanning” кремите односно креми кој што ќе дадат тен на твојата кожа. Па така ако е потемна кожата помалку ќе се приметуваат тие недостатоци, а тоа во случајов се стриите.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *