што правиш со лебот

Што правиш со лебот

Типови, количини и начини – што правиш со лебот?

Бидејќи е голем тренд на преориентирање кон здраво, сигурен сум дека си размислувал што да правиш со лебот. Голем дел од луѓето почнуваат да купуваат интегрални лебови и пецива. Некои одат и до перфекција па купуваат 100% интегрални лебови од локални пекари или од маркети каде што може да се најде вистински интегрален леб, а не малку обоено :). Но, чекај. Тука не завршува се. Сега е прашање со што се комбинира лебот, односно што се мачка на него? Или кога се јаде?

Сигурно твоите родители или баба и дедо те учеле пред било што да ставиш на лебот, да намачкаш маргарин за да те ‘држи’ повеќе :). На таа комбинација се ставаше мед или мармалад со стоплено млеко се сеќавам. Другите опции беа можеби некои паштетки или пак мајонез со некое сувомеснато парче или сирење со патлиаџан. Да бидам искрен сега ми се стегаат вилици од тоа колку е вкусно :). Но, од друга страна свесен сум колкава доза на шеќери и транс масти сум внесувал и тоа како дете. Денес има деца кои практично и да немаат друга опција освен мачканиците и пецивата доколку не јадат дома.

Што да правиш во пракса

Јас и Тања бидејќи имам динамичен ден и не секогаш сакаме да јадеме во ресторани и на бензиски пумпи, не оставаме на случајност и се организираме со храна. Многу често во таа организација влегуваат и сендивичи. Сега, за разлика од порано лебот е секогаш 100% интегрален или тонус леб. Во него ставаме обавезно некаков зеленчук и мачкамае фета или другата опција ни е повторно зеленчук, туна и сенф.

Сите овие погоре споменати се солени типови на оброк. Јас знам дека многу од вас не би одбиле да намачкаат и крем со млеко. Јако, нели? 🙂 Кога зборуваме за благо односно крем намачкан на леб, она што јас го правам во овакви случаеви е некоја импровизација на крем што многу многу многу ќе ви се допадне. Пробајте изблендирајте путер од кикирики, банана и какао. Или изблендирајте вода, мед, урми, лешници и какао за да добиете здрава нутела. За некоја овошна варијанта пробајте во маркетите или продавниците ако најдете некој мармалад или џем здрав без додаден шеќер или нешто слично. Или правиме со Тања импровизации со шејк.

И уште нешто за крај. Сигурно се прашувате за леб во ручекот. Јас јадам по едно до две парчиња леб кога на менито има грав, леќа, боранија или грашок. Кога имаш ориз, компри, паста, избегни го лебот.

Остави коментар

Your email address will not be published.