што со подочњаците

Што со подочњаците

Темни кругови околу очите – што со подочњаците?

Дали некогаш сте се прашале што со подочњаците? Колку и да сте наспани, сепак цело време имате подочњаци? Мислам дека ова ќе ви помогне – како можете засекогаш да се ослободите од кесичките под очите!

Не знам за вас, но понекогаш кога ќе станам наутро и кога ќе се погледнам во огледало, речиси не можам да се препознам 😁. Се разбира, ова обично се случува кога ќе останам во град до долго во ноќта. Меѓутоа, каква сака нека е причината – никој не сака кога ќе стане наутро да има кесички под очите. Со нив изгледаме изморено, во стрес и, ако смеам да кажам… остарено!


ГЕЛ ЗА ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА ПРЕДЕЛОТ ОКОЛУ ОЧИ


Четири совети што ќе ти помогнат

  • Настојувајте да не пиете течности барем 2 до 3 часа пред легнување. Подуеноста на очите најчесто се јавува како последица од задржување на водата во телото. Кожата околу очите е исклучително тенка и деликатна, па затоа кога ќе почне да се собира течност во телото, делот околу очите станува подуен.
  • Рамна перница не ви е пријател! Последните неколку години се придржувам до следната мантра: „Висока перница ќе ме спаси од подуеност околу очите“. Кога лежиме на рамна перница, ни се задржуваат течности околу очите. Кога е главата малку поткрената на повисока перница, се спречува таложењето течности околу очите кое доведува до појава на подуеност.
  • Ограничете го консумирањето алкохол и сол. И алкохолот и солта придонесуваат за појава на подуеност, зашто можат да доведат до дехидрација. Кога сме дехидрирани, одбранбениот механизам на телото настојува да складира вода.
  • Преморот е исто така, голем виновник. Сите ние премногу време минуваме пред компјутери и пред телефон. Мора да се одмориме, а да ги одмориме и очите. Не бадијала се вели „сон за убавина“, затоа, сите треба добро да се наспиеме во текот на ноќта, што ќе ни помогне засекогаш да ја спречиме појавата на кесичките под очите.

Остави коментар

Your email address will not be published.