јајца и масти

Јајца и масти ќе покачат холестерол?

Зошто постои страв за јајца и масти

Повеќето од вас знаат дека високиот холестерол може да биде опасен за здравјето, но дали знаете што е тоа холестерол и колку влијаат јајца и масти? Оваа природна масна супстанца ја создава црниот дроб, а ја има и во храна како што е месо, јајца и млечни производи. Можеби ќе се изненадите, но холестеролот не е во целост лош. Тој игра главна улога во формирањето на клетките и во производството на витамин Д. Помага во производство на хормони и жолчка за варење на храната. Меѓутоа, високиот холестерол може да доведе до зголемен ризик од срцев удар и од развој на артеросклероза и други видови циркулаторни заболувања. Затоа е важно нивото на холестерол да се регулира да биде во нормални граници.

Дали сум изложен на ризик од појава на висок холестерол?

Точно дека е поголема веројатноста луѓето што се постари или што имаат прекумерна тежина да имаат висок холестерол. Сепак, тој може да се јави кај секој од нас без оглед на тежината или возраста. Дури и ако сте млади и релативно здрави, факторите од начинот на живот може да имаат улога во покачување на холестеролот (понекогаш до опасни нивоа) и да влијаат врз квалитетот на животот дури и без да знаете. Во овие фактори спаѓаат шеќерот, пушење цигари, пиење алкохол, нездрава исхрана (премногу транс-масти), неактивност и семејна историја за срцеви заболувања.

Всушност и науката во денешно време докажува дека претерување со шеќери и јадење на процесирана храна е главниот причинител за оваа појава. Настанува т.н. процес на гликација кој што го оштетува четвртиот (последниот) зид на крвните садови. Црниот дроб како резултат на тоа лачи холестерол во поголеми количини за да става “фластерчиња” на оштетените места. Истиот процес се случува со редовно пушење на цигари. Затоа не се плаши дека јајца и масти ќе ти направат холестерол. Многу повеќе ќе ти направат шеќери, цигари и физичка пасивност. Јас на пример овој период и речиси да немам ден без 4-5 цели јајца и без 2 оброка со месо.


БЕТА ГЛУКАН – ЧИСТАЧ НА ХОЛЕСТЕРОЛ


Симптоми и ризик фактори

Нема јасни симптоми за висок холестерол, па единствен начин да бидете сигурни е да го посетите својот матичен лекар. Меѓутоа, показател може да ви биде и едноставно вашиот начин на живот. Дали се пронаоѓате во некоја од дадените ситуации? Кај секој од овие луѓе постои ризик за појава на висок холестерол и треба да размислат да преземат нешто за да го намалат:

  • Пушам цигари, но сум физички активна 30-годишна жена што здраво се храни.  Не сфаќав дека и покрај тоа постои можност да имам висок холестерол.
  • Признавам дека имам прекумерна тежина, но не сум претерано дебела. Башка во моето семејство нема историја за срцево заболување или за висок холестерол. Дали постои ризик кај мене?
  • Татко ми имаше висок холестерол, но јас се хранам здраво, редовно вежбам и се’ уште немам 40 години, па не сум загрижен за холестеролот.
  • Не вежбам често и не внимавам многу на исхраната, но немам прекумерна тежина, па мислам дека немам проблем со холестеролот.

Како можам да го намалам (или да го регулирам) нивото на холестерол?

  1. Исхраната — Намалете го внесот на транс масти на тој начин што белиот леб ќе го замените со интегрален, преработеното црвено месо и сувомесни продукти со масна риба или чисто месо, а наместо готова ужина, како што се чипсови јадете јаткасти плодови или семки.
  2. Физичката активност помага да се зголеми добриот холестерол (ХДЛ) во крвта бидејќи тој го стимулира транспортот на масни наслаги до црниот дроб. Тоа помага да се одржува состојбата на срцето и крвните садови. Се’ што ви треба е неделно да имате 150 минути физичка активност со умерен интензитет.
  3. Пушењето. Цигарите содржат соатојка што го спречува добриот ХДЛ холестерол да ги транспортира масните наслаги до црниот дроб. Тоа може да значи покачен холестерол, стеснети артерии (атеросклероза) и зголемен ризик од срцев удар.
  4. Помогнете си ја исхраната со суплементација. Моја препорака е да додадеш на твојата исхрана омега 3 и растителни влакна. Доколку веќе си со покачен холестерол, тогаш ти препорачувам и бета глукан.

Остави коментар

Your email address will not be published.