Ќе добиеш кила

Ќе добиеш кила ?

Дали ќе добиеш кила ако вежбаш со тегови

Епизода 610 – дали вежбањето со тегови ќе придонесе да добиеш кила и како можеш да се заштитиш од истото? – прашање поставено од @blazevskirobert

 

Не е можно самото кревање на тегови или работа со тежини по автоматизам да ти придонесе за појава на кила. Многу поголем здравствен проблем, ќе ти направи не вежбањето и физичката пасивност. Физичката активност никогаш нема да ти направи проблем се дури ја обавуваш правилно и доволно долго.

Кога се работи за кила нема правила како тоа ќе се појави. Она што науката и медицината велат, е дека кила најчесто се појавуваат поради тоа што сврзните ткива кај абдоменот, односно на стомачните мускули понекогаш попуштаат. Кога тоа ќе се случи може одреден дел од дигестивниот систем или цревата да го пробијат тоа ткиво и така се појавуваат кила. Сепак не постои правило и начин како тоа може да се предвиди и уште повеќе да се знае во кој де од телото ќе се појави.ж

Како да се заштитиш и да превенираш

Како да немаш страв дека ќе се појави таков проблем и како да си помогнеш при несоздавањето на кила. Она што едноставно треба да го правиш е да ги зајакнуваш своите стомачни мускули и напротив, не да се плашиш од вежбање туку да вежбаш. Е сега доколку можеби имаш слаба мускулатура во делот на абдоменот и јадрото, кревајки тежини може да придонесеш за да се појават килата. Но, во никој случај самото кревање на тежини по автоматизам не придонесува за кила. Така да биди сигурен дека вежбаш доволно вежби за стомачните мускули и за твоето јадро. Притоа слободно кревај тежини нема никаков контра ефект и проблем да си направиш. И секако не заборавај на исхраната. Таа е клучниот дел за тоа како ќе се регенерираат и зајакнуваат твоите мускули.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe.

Остави коментар

Your email address will not be published.