алтернатива на шеќер

Алтернатива на шеќер

Засладувачи и продукти како алтернатива на шеќер

Епизода 689 – кое е твоето мислење за алтернатива на шеќер и производи кои што денес ги гледаме засладени со стевиа или некакви други засладувачи? – прашање поставено од @trpchevski

Горан, има два аспекти на тоа како јас ги гледам алтернативите. Би требало секој од нас да размисли во која група се наоѓа. На пример имам потреба за да јадам и ми е време за ужинка. Притоа ми текнало дека сакам во устата да имам благ вкус. Доколку земам продукт кој што е засладен со стевиа или полиоли, тогаш е супер. Но, доколку јас имам криза за благо и изберам продукт кој што е засладен на алтернативен начин, односно нема шеќер, тогаш нема да постигнам никаков ефект.

Едноставно кога телото има криза за благо и за брза енергија не го задоволуваш со алтернатива. Имам потреба за шеќер и сакам благ вкус во устата не е воопшто исто. Барањето на замена воопшто не е одржливо на долг рок. Ако имаш константни кризи за благо нема да ти го реши проблемот тоа што ќе земеш некаква алтернатива. Тебе и понатаму ќе ти се јаде благо. Можеби ќе стегнеш заби и ќе издржиш 3 дена, но веќе четвртиот нема да издржиш. Затоа реков дека има два аспекти како може да се гледаат овие работи.

Кои се подобри засладувачи

Aко ме прашуваш за стевиата имам добро мислење иако вкусот не ми е нешто спектакуларен. Јас повеќе би избирал и би навивал за полиоли, особено еден полиол кој што се вика малтитол. Научните студии ако ги гледаш за полиолите се добри од проста причина што не прават пореметувања на микробиомата. Исто така не прават сериозна провокација на инсулин. Се смета дека за разлика од некои други засладувачи како аспартам да речеме, дека подоцна во дебелото црево не се однесуваат бактериите добро со него.

Не е до крај ова докажано затоа што дебелото црево и микробиомата се многу непозната материја и малку истражена, но во секој случај сегашните студии велат дека како вештачки засладувачи полиолите се супер. Но запамети, не е целта да ја бараш замената за благо, туку да бараш како да не се случува потребата за благо.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.