алтернативи за калориски дефицит

Алтернативи за калориски дефицит

Алтернативи за калориски дефицит кога сакаш да слабееш

Епизода 673 – дали постојат алтернативи за калориски дефицит во трката за слабеење? – прашање поставено од Ивана

Ако ме прашуваш за алтернативи како би слабеела доколку доколку не сакаш калориски дефицит, тогаш мојата филозофија е појадок, редовност на оброци и доволно вода. Ова за мене е практична стратегија како да избегнеш кризи за благо, да го задоволиш телото со хранливи вредности и на тој начин да направиш телото да си ја најде својата идеална телесна композиција. Односно параметрите масти и мускули  да дојдат во идеалните вредности со тек на време. Тоа е побавно, но по одржливо.

Ако прашуваш за алтернативи како да правиш калориски дефицит и да можеби не биде праволиниски со кратење овој месец, па следниот си се враќам на стариот начин на исхрана. Тоа ми носи јо-јо ефект и се поправам назад. И за ова имам неколку совети да ти дадам.

Ротација на калориски дефицит

Со праволинискиот калориски дефицит најчесто луѓето тука имаат проблем затоа што во еден месец живеат во калориски дефицит. Ова често го зборувам со учесниците во школата за исхрана. Со ова шансата дека ќе направат мало забавување на метаболизмот се поголеми. Од тој аспект шансите, да се случи јо-јо ефект и враќање на килограми побрзо се поголеми. Затоа има неколку опции.

Првата се вика алтернативно ротирање на калории и тоа подразбира од 7 дена во неделата 2 да ти бидат со калориски дефицит, 5 ти бидат без калориски дефицит. На пример, ако имаш 1500 калории потреби во денот намали 250 во тие два дена. Другите пет дена се враќаш на 1500. Тоа е исто бавен начин и поедноставен за луѓе кои не можат да издржат толку со изгладнување.

И има еден друг концепт т.н. weekend worrier.  Ова подразбира 4 дена, односно во Понеделник, Вторник, Среда и Четврток си со калориски дефицит од 250 до 300 калории. Петок, Сабота и Недела си без калориски дефицит. Секако повеќето од луѓето тогаш знаат да излегуваат, па добро е да не се чувствуваат како да се издвојуваат во друштвото.

И уште една опција. Да избираш по случаен избор кои денови во текот на неделата ќе бидат со калориски дефицит. На пример Понеделник, Четврток и Недела да бидат  со дефицит, а останатите 4 да бидат без него. Математиката на неделно ниво треба да биде иста во поглед на вкупниот калориски дефицит кој што ти би го имала во седум дена. Но, повторно некои од овие алтернативи кој што ги зборував сметам дека се подобри од причина што праволинискиот знае да дојде преку глава.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.