бенефити од авокадо

Бенефити од авокадо

Најмрсното растение – бенефити од авокадо

Епизода 622 – кои се здравствени придобивки и бенефити од авокадо?  – прашање поставено од @__bisera__

Придобивките и бенефитите ги има многу затоа што авокадото е едно од растенијата кое што е најверојатно најмрсното растение. Од сите калории и состав што ги има некаде околку 77 проценти доаѓаат од масти. Она што е уште подобар факт и среќна вест е што тие масти се мононезаситени. Мононезаситени масти се одлични масти дури и на повисоки температури при готвење.

Олеинска киселина која што всушност се содржи во авокадото, е една масна киселина која што многу се поврзува со здравје на кардиоваскуларен систем. Сето тоа е доволно и придонесува огромни бенефити од консумација авокадото. Но, не се само мастите. Тука се и изобилството од растителни влакна. Од вкупните калории и состав некаде околку 7% од авокадото има растителни влакна ,што е голема количина. Исто така има доста витамини и минерали.

Заклучок и внимание

Така да и без да ги набројуваме сите хранливи вредности е повеќе од јасно дека се работи за високо нутритивен продукт. Дефинитивно континуираното јадење на авокадо како дел од избалансирана добра исхрана ќе има позитивен ефект и дефинитивно ќе имаш многу здравствени бенефити. Само, повторно ќе потенцирам дека погрешни ќе ти бидат очекувањата доколку сметаш дека јадењето на авокадо ќе компензира за сите лоши навики. Многу често и потајно ние луѓето читајки одреден текст за некаков продукт, растение или напиток си создаваме мит. Мит дека користејки го конкретниот продукт ќе се исчистиме од сите “гревови”. Се работи за целокупна добра и урамнотежена исхрана.

Доколку немаш искуство со авокадото и не знаш како да процениш дали и колку е зрело имаш на овој линк добро упатство како да го избереш најдоброто. И се разбира доколку немаш идеи за рецепти, тогаш одиш на google и наоѓаш стотици :).

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.