Бременост со вишок килограми

Бременост со вишок килограми

Што да превземеш кога влегуваш во бременост со вишок килограми?

Епизода 722 – дали може да ми дадеш мислење за влез во бременост со вишок килограми? Исфрлив секаква процесирана храна, зголемив на овошје и зеленчук, риба и посно месо. Во моментов кај мене постои страв од прекумерно слабеење и појава на кетони кои што читав дека му штетат на фетусот. – прашање поставено од Емилија.

Прва работа има премногу стравови во твојата глава. Кетони за да се појават би требало да влезеш во кетоза. Кетозата е само еден начин во кој што се губат килограми, и тоа е начин на исхрана кој што не мора да го практикуваш и да го прифатиш. Она што јас би ти го препорачал е да имаш добар појадок, редовност на оброци и пиење на вода. Така, нема шанси нагло да ти се случи слабеење во големи количини.

Втора работа, има голема веројатност внесувајќи повеќе и почести оброци во текот на денот да внесеш доволно енергетска и хранлива вредност што ти требаат и тебе и на плодот. Многу често луѓе се завлекуваме непотребно во теми сза начинот на исхрана. Премногу информации прават огромна конфузија во главата. Така, барајки ја најдобрата стратегија како да ослабнат, самата стратегија станува изговор.

Што значи да се храниш добро?

Се разбира дека треба да бидеш во постојана комуникација со твојот доктор. Сепак не се оптеретувај со толку многу информации. Добрата исхрана не е квантна физика. Не ти треба машински факултет за да возиш кола. Исто е и со храната. Не ти треба нутриционизам за да воспоставип здрави навики во текот на денот. Имај си само редовност на оброци, пиј доволно вода и уживај во процесот. Не размислувај дали ќе биде пребрзо, ни дали кетони ќе се појават. Ништо од тоа нема да се случи и ти гарантирам ќе помине бременоста во одличен тек и ќе биде се во ред :).

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.