високопротеински појадок

Високопротеински појадок

Зошто е важно да имаш високопротеински појадок

Се повеќе истражувања покажуваат дека луѓето што јадат високопротеински појадок имаат постабилни нивоа на шеќер во крвта во текот на денот. Исто така велат дека високопротеинскиот појадок им помага да се чувствуваат посити во текот на денот.*

Повеќето луѓе успеваат да каснат нешто наутро, но има и луѓе што редовно го прескокнуваат појадокот. Бројките покажуваат дека тоа најчесто го прават тинејџерите и младите, што воопшто не изненадува. Голем дел од нив велат дека едноставно немаат време да појадуваат наутро. Но, дури и оние коишто појадуваат, речиси и не внесуваат протеин со појадокот. Три најзастапени видови храна за појадок се житарките, пецивата и овошјето.

Иако појадокот често се нарекува „најважен оброк во денот“ и здрава навика којашто е поврзана со намален ризик од зголемување на тежината, голем дел од придобивките зависат од тоа од што се состои оброкот. Високопротеинскиот појадок е поврзан со подобра контрола врз апетитот и намалување на желбата за јадење во текот на денот. Како резултат на тоа, се постигнува подобро регулирање на тежината.**

Нели овошјето е здраво

Најголемата пречка во немањето на квалитетен појадок е немањето на време. И баш поради немањето на време наутро или го  прескокнуваме или јадеме пециво или овошје како свеж продукт или направен во некое смути со житарки. Опциите со прескокнување или пециво и сам/а знаеш дека не се најдобрите, но сигурно и ти се прашуваш зошто сега да не биде смути.

Многу често во школата за исхрана зборувам со клиентите дека целта не треба да биде да се хранат само здраво, туку да се хранат правилно. Многу од нас посегнуваат само по овошје наутро затоа што е брзо и затоа што знаеме дека е здраво. Но, кога ќе го погледнеме составот на овошјето изостануваат две фундаментални хранливи вредности – протеин и масти. Во таков случај кога имаш дотур на природен шеќер, влакна, витамини и минерали не значи дека се храниш нездраво, но значи дека само тоа е далеку од доволно.

Без разлика што се работи за природен и здрав шеќер, сепак во ситуација каде што нема протеини и масти ќе се случи доволен скок на гликоза во крвта. Тој скок подоцна ќе се претвори во голем пад и повторно ќе влеземе во истиот круг на неправилни нивоа на шеќер во крв и неправилна работа на метабилзмот што во пракса се препознава со падови на енергија и концентрација или со добро познатите кризи за благо и грицки попладне.

Затоа добриот и квалитетен појадок подразбира да не исклучуваш ништо од него туку напротив да содржи се’,  а не само овошје и житарки. Доколку немаш идеи за твојот комплетен појадок можеш многу повеќе да најдеш овде.

*Bauer LB, et al. (2015). Int J Obes. Sep;39(9):1421–4 Leidy HJ, et al. (2015). Претерана дебелина[Obesity]. Sep;23(9):1761
**Leidy JL, et al. (2013). Am J Clin Nutr. 97(4):677–88

Остави коментар

Your email address will not be published.