време за диета

Време за диета

Постои ли механизам во телото што кажува кога е најдобро време за диета

Епизода 690 – Јосиф што мислиш кога е најдобро време за диета и да ја сменам исхраната? Сакам да почнам со процесот на топење на масти – прашање поставено од Ива.

Телото нема одредено за себе најдобро време кога да се почне со исхрана. Секојдневно му треба добра исхрана па затоа било кој ден да одлучиш да почнеш е добредојден за твоето тело. Мислам дека знам зошто ова ме прашуваш. Ова е период во кој е можеби најтешко од било кога во годината да почне човек да внимава на исхрана. Едноставно има премногу предизвици. Празничен период е, има многу слави, Нова Година, пост новогодишни празници. Постојат многу многу денови за кои можеби предтпоставуваш дека ќе се клизнеш. Сите знаеме дека ќе се јаде нешто што не треба 🙂 но тоа не го одредува завршетокот на процесот.

Доколку процесот и менувањете на навиките во исхранате или било каква одлука во животот ја врзуваш со период во годината не си на добар пат. Нормално не важи ова доколку се работи за бизнис одлука. Сепак, кога се работи за здравје и за мојот изглед, нема најдобар период. Се до моментот додека ти ја префрлаш одговорноста и носењето одлуки на други луѓе, на настани во животот, на сезона или празници, тоа значи дека никогаш нема да имаш контрола врз својот живот. Тоа значи дека никогаш нема да имаш контрола врз своите одлуки и врз своите резултати.

Ако сметаш дека празниците треба да поминат па да почнеш, тогаш си во проблем. Исто на пример, ако сметаш дека е загадено и е џабе да правиш било што за твоето здравје, во тој случај ти буквално немаш никаква контрола. Тоа е најдобриот рецепт за да останеш фрустриран/а.

Каков карактер си – одложувач или прифаќач

Уште еден факт е дека човек кој што има тенденција да одложува, постојано ке биде креативен и ќе си наоѓа причина да одложи. Секогаш ќе има супер причина зошто сега не е идеалниот момент. Ниеден процес нема да биде идеален Ива и ниеден процес нема да биде процес во кој што нема дупки во патот, пречки, предизвици. Јас ти гарантирам дека баш доколку сега кога е најтешко почнеш, тоа е најдобриот тест за твојот карактер. За мене ова е најдобриот дел од било кој период во годината да почнеш. Кога е тешко се познаваат вистинските карактери и вистинските победници.

Не чекај да помине нешто, затоа што после тоа нешто ќе има пак следни празници. Следната година овој период повтоно би се соочувала со истиот проблем и повторно би се враќала назад? Секоја година е репетитивна и сите празници и периоди во годината се репетитивни. Затоа не ја барај иделната година, месец или период од годината. Почни сега и ќе видиш дека нема да зажалиш! Не дозволувај надворешните фактори да влијаат на тоа како ти ќе се чувствуваш и како ќе изгледаш.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.