гасови од протеин

Гасови и протеин

Што ги предизвикува и како да намалиш гасови од протеин

Епизода 719 – Дали висока протеинска исхрана предизвикува гасови? Ако да дали има превентива за нив? – прашање поставено од Никола.

Никола, точно е дека предизвикува затоа што на протеините им треба многу повеќе време за обработка. На пример, за разлика од јаглехидратите, протеините кога ферментират во дигестивниот систем се јавува нус производ азот. Овој гас знае да се акумулира во цревата и да се создаваат гасови кој што ти прават непријатност.

Дополнително може да се појави и сулфур и тие гасови да имаат непријатна миризба. Јас би ти дал неколку насоки во кои што можеш да размислуваш. Прво, бидејки знам дека вежбаш функционален тренинг, односно crossfit, и сам знаеш дека тоа е тренинг кој што предизвикува турбуленции. При оваков тип на тренинзи целиот систем е под константни менувања на гравитациски сили. Така се случува цревата да се маневрираат и да се под дистракција. Тоа дополнително знае да предизвикува гасови.

Што да направиш со протеините

Кога зборуваме за протеини, ако твојата исхрана носи зголемен внес, дефинитивно може да ти предизвикува гасови. Совети како да си помогнеш со тоа е да внесуваш повеќе растителни влакна пред се’. Протеинската исхрана знае често да ги исклучува јаглехидратите за сметка на протеини. Со исклучување на јаглегхидратите многу често се намалува и количината на растителни влакна која што ние треба да ја внесуваме.

Затоа суплементација на растителни влакна може да ти биде добредојдена во протеински диети. Ако користиш протеини од сурутка гледај да бидат изолат или уште подобро пробај со пртеински прашоци од грашок или соја. Тие самите по себе се растителни и нема да ти создаваат толку многу гасови. Тие се советите кои што имам да ти ги дадам за протеините и создавањето на гасови.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.