Го победи и дијабетот и себе

Го победи и дијабетот и себе

Го победи и дијабетот и себе – запознај го Дејан Теовски

Како стариот јас го победи и дијабетот и себе? Долго бев заложник на моето тело кое од ден во ден напредуваше во килажа. Пробував на многу начини да се ослободам од вишокот на килограмите, но безуспешно. Тежината само ми придонесе да се чуствувам беспомошно. Имав тежина во нозете, целодневно бев уморен и гладен. Немав сила и одвај чекав да се вратам дома и да одморам од работниот ден.

Со преголемата тежина се појавиа и други посериозни проблеми како отоци на нозете, висок крвен притисок, дијабет, згрутчување на крвта,киселина во урина итн. Бев принуден да одам на редовни конртоли кај кардилози и да ми препишуваат разни лекарства за нормализирање на проблемите. Во март 2017 при редовна контрола кај кардиолог ми беа покачени отчукувањата на срцето и тоа значително. Почнаа да ми ја менуваат терапијата, но безуспешно и на крајот завршив на кардиологија. Кога излегов од болница се запрашав каде лежи проблемот цело ова време и беше тешко да си признаам. ПРОБЛЕМОТ БЕВ ЈАС. Се’ зависеше од мене.

Денот кога ќе се прелие чашата

Решив дека ќе го сменам мојот стил на живот. Почнав со начинот на исхрана. Требаше време но почнаа да се гледаат некои добри резултати, најмногу во нивото на енергија. Тоа многу ми даде мотив да продолжам да го менувам начинот на исхрана.

Станував се повеќе свесен за метаболичките процеси во телото како и хранливите состојки во храната. Си создадов многу позитивна енергија бидејќи почнав да ја намалувам тежината. Со тоа и проблемите настнанти од неа почнаа да си одат. Престанаа да ми отекуваат нозете , притисокот се намали, полека почна да ми се враќа силата во нозете. Во меѓувреме се запознав со Јосиф и Тања и проектот школа за исхрана кои ми дадоа огромна поддршка, знаење и план за исхрана кој ми помогна да го оддржам добриот правец.

Денес имам 50 кг помалку имам, сила за да ги издржам сите дневни активности без никаков проблем. Се чуствувам многу поздраво и моето тело секој ден станува се посилно. Целта сега ми е да помогнам на што е можно повеќе луге што го имаат мојот проблем. И најважно да им бидам ветер во грб во процесот за да го надминат и проблемот и себе си. Да се ослободат од вишокот на килажа и од недостатокот на самодоверба.

5 Comments

  1. Јас знам како Дејан се ослободи од дијабетот, другите здравствени проблеми и вишокот килограми.

    1. Author

      Секојдневно споделуваме и зборуваме за него, вистинска инспиративна приказна Влатко!

  2. Bravo Deni.
    Primer si za site koi imaat problem so tezinata. Sega si kako maneken, no sto e najvazno gi nadmina i pobedi zdravstvenite problemi. Sekoja cest.



Остави коментар

Your email address will not be published.