гумени бонбони

Гумени бонбони

Далу гумени бонбони после вежбање ќе ја завршат регенерацијата?

Епизода 738 – Што ќе ми кажеш на темата гумени бонбони после вежбање што ги користат некои вежбачи? – прашање поставено од Симона.

Гумените бомбони кои што знаат да ги промовираат како ги јадат и ги користат после вежбање имаат една логика. Ако ги гледаш од што се направени и каков е составот, најмногу има желатин и шеќер. Од друга страна, ако гледаш што твоето тело бара после вежбање практично е протеин и шеќер кој што ќе овозможи да се врати гликогенот во мускулите.

Желатинот е дериват на колаген. Веќе знаеме дека колагенот е исто така протеин кој што е најзастапен во телото. Има многу различни функции без кои ние не можеме да бидеме живи. Желатинот како дериват има неколку аминокиселини од кои што глисин е најзастапената аминокиселина. Баш поради тоа што желатинот е во 98% протеин голем дел од вежбачите го користат.

Кои аминокиселини се клучни после вежбање

Ако гледаме по аминокиселинскиот состав на желатинот, јас не би рекол дека тоа е најдобрата опција за после вежбање. Сепак, не секогаш теоријата “протеин по вежбање” треба да ја земаме здраво за готово и да биде било што. Глисинот како аминокиселина не е најклучната и најпотребната во регенерација на мускулните ткива и влакна. Многу повеќе бенефиции од глисинот има нашето ментално здравје, нашите коски и сврзни ткива.

Многу поважни аминокиселини после вежбање се глутамин и BCAA. Затоа јас би ти рекол да не одиш на таа карта на јадење на гумени бомбони. Оди на картата на подобри извори на протеини како протеински шејкови. Тие ќе обезбедат побрза апсорпција на протеинот потребен за регенерација после вежбање. Од друга страна, секој од нас е свесен дека гумените бомбони седат во рафтот на процесирана храна. Настрана од желатинот, пред се имаш шеќери кои не се природни. Во составот имаш и бои и ароми за кои не ти треба Јосиф за да знаеш дека не се добри. Така да, јас лично не би ти ги препорачал како опција за после вежбање.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.