колаген за убавина

Дали да користам колаген за убавина

Колаген за убавина – зошто е се повеќе трендинг продукт?

Епизода 723 – дали ќе има резултати доколку се користи колаген за убавина? Гледам дека има поделени мислења. – прашање поставено од @_nkoceva_

Колагенот е многу популарен во моментов. Се’ повеќе има продукти и суплемети кои што можеме да ги користиме за да додаваме колаген. Тој е најзастапен протеин во телото, многу е важен за коски и за мускули. Практично и нема орган во телото во кој нема улога колагенот.

Ги има 16 типови на колаген и повеќе од една третина од сите протеини во телото се практично некаков тип на колаген. Доаѓа од грчкиот збор “кола” што значи лепак така што колагенот претставува лепак и ги сврзува сите делови во телото. Ги држи коските со ткива, лигаменти и.т.н. Го има буквално во секој дел од телото и има многу важни функции. Еластичноста на кожата е нешто што исто така зависи од колагенот. Затоа се’ повеќе луѓе користат колаген за да останат поубави.

Што вели науката

Научни студии постојат од 2014 година па навака. Многу од тие научни студии поврзани со колагенот ги прават самите компании кои што произведуваат колаген. Затоа веројатноста дека можат да бидат необјективни е голема. Сепак, слободно можеш да користиш и нема да имаш никакви контраиндикациии. Немаш никаква закана за телото, барем сеуште тоа науката не го нашла. Ако сакаш да користиш колаген очекувај подобрување на кожата. Постојат такви научни тврдења дека ќе ти се подобри еластичноста и дека ќе имаш подобрување во делот со брчките и нивно подоцнежно појавување.

Немојте да заборавите дека не се работи само за еден нутриент. Колагенот го создава и самото наше тело, и тоа го создава од две аминокиселини, плус витамин Ц, плус бакар. Тие се основните елементи за да се создаде колаген. Проблем е ако земате колаген за да си ги исперете гревовите подоцна во денот и да си јадете глупости. Во таков случај никакви ефекти нема да имаш бидејќи повторно не се работи само за едно нутритивно решение кое ќе те извади од проблем или опасност туку се работи за целокупна добра исхрана. Додавај колаген, ама и самиот збор вика додаток во исхрана, прво имај исхрана па потоа додади нешто.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.