ротирање на јаглехидрати

Дали да правиш ротирање на јаглехидрати

Бенефиции и недостатоци од исхрана со ротирање на јаглехидрати

Епизода 715 – Што мислиш за ротирање на јаглехидрати? – прашање поставено од Бојан

За оваа тема немам што да мислам :). Едноставно погледнав што кажуваат релевантните извори и наукатa. И на себе лично го имам пробувано. Мојата филозофија е дека не сакам само теоретски да прочитам нешто, туку и да видам како во пракса функционира. Верувам во тоа дека дури и ако за некој начин на исхрана науката е супер позитивна, треба практично во мојот ден да се вклопи. Доколку јас страдам со моето време и организација имам сомнеж. За мене тоа не е добра исхрана, бидејќи едноставно не е одржлива.

За оние кои што не знаете, ротирачки циклус на јаглехидрати подразбира на неделно или дневно ниво да правите ротација на јаглехидратите. На пример оваа цела недела или ден ќе јадам дневно по 200 грама јаглехидрати. Другата недела или ден 150 се додека не стигнам до 0 и потоа пак од ново. Јас го пробав токму тоа на дневно ниво и беше 200 грама па 150 , па 100 , па 50 и 0, и не е лесно.

Што велат сегашните факти

Она што науката го кажува е дека сеуште нема некој сериозни и подлабоки научни истражувања. Сепак, има некои основни информации за тоа. Најдоброто во ротирање на јаглехидрати е тоа што ја подобрува функцијата на три хормони. Тие се лептин, грелин и инсулин. Во превод тоа значи дека најверојатно ќе се регулираат тие чувства непредвидени и неочекувани на глад и на ситост. Лептин и грелин се два хормони одговорни за сигнализирање на глад односно на ситост. Подобрување на сензитивноста на инсулин ќе значи дека ќе имаш многу подобри перформанси во градење на мускулна маса. Инсулинот тука игра клучна улога и повторно телото поефикасно ќе ги користи и гликозата и гликогенот кој што па е клучен за градење на добра и здрава мускулна маса.

Науката нема да ти каже многу повеќе детали, но овие два се доволни да претпоставиме дека има позитивни вибрации за ротирачкиот циклус на јаглехидрати. Сепак, изборот е твој дали ќе го практикуваш. Моето мислење и искуство е дека ми бараше доста време и ангажман за да успеам да ги запазувам тие грамажи и количини на јаглехидрати. Мислам дека за луѓе кои што немаат повисоки цели за натпревари и спорт можеби воопшто не е практично да го прават.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.