јо-јо ефект

Дали ќе ми се случи јо-јо ефект

Како да препознаеш потенцијал за јо-јо ефект?

Епизода 717 – има ли јо-јо ефект после план од  нутриционист, и дали воопшто да се обратам кај него? – прашање поставено од Сања.

Не знам како точно да ти одговорам точно на ова прашање. Прва работа, прашањето дали да се обратам кај нутриционист и дали ќе имам јо-јо ефект е многу генерализирано. Луѓето обично секогаш имаат тенденција да најдат друг кривец кога нема да успеат во воспоставување на одреден резултат. Во конкретниот случај, ти сакаш да ослабнеш и бараш некој да ти направи исхрана или да ти даде продукт. Никогаш нема да ти биде крив продуктот, нутриционистот или диетата.

Постојат најразлични стратегии за како човек да намали килограми. Можеш да избереш диета која што има некакво име и е популарна во заедницата. Или пак да избереш нутриционист кој што ќе ти напише одреден план и кој што ќе го практикуваш. Можеш да избереш и тренер кој што ќе те вежба и ќе ти даде исхрана. Можеш да користиш и суплементи во сето тоа. Целата идеја во јо-јо ефектот не е дека ти ја имаш погрешната исхрана или погрешниот човек.

Одговори си на следново прашање

Многу е поважно пред да воведеш одредени навики, на прашањето “Дали предлог исхраната можеш да ја правиш на долг рок и доживотно” да одговориш позитивно. И тука е најголемиот проблем. Mногу често луѓе се нафаќаат на одреден начин на исхрана затоа што така кажува некој нутриционист. Подоцна, бидејќи не можат да го следат и не сакаат да живеат во режим, се откажуваат. Едноставно целиот твој живот се прилагодаува на исхраната и се откажуваш брзо.

Тоа прави да се вратиш на навиките кои што се единствено познати за тебе. Тоа се старите навики, а старите навики носат стари резултати. Епа затоа се јавува јо-јо ефектот, а не затоа што некој ти е крив. Не знам дали да го избереш нутриционистот, но најди си начин на исхрана кој што ќе одговара на твојот ден и биоритам. Најди си начин на исхрана за кој што ќе си сигурна дека можеш да го одржуваш на долг рок и доживотно. Ако во моментов тоа ти изгледа претешко, тогаш приклучи се на школа за исхрана и среди си ја исхраната засекогаш.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.