железо и хемоглобин

Железо и хемоглобин

Железо и хемоглобин – зошто третина од популацијата страда од слабокрвност?

Проблемот со железо и хемоглобин денес е широко распространет. Но, ајде пред да зборуваме за решенијата малку да се запознаеш со овие 2 компоненти и нивната важност. Железото е најзастапен минерал на земјата – и оној што го храни скоро целиот живот на планетата. Растенијата користат железо за да се направи хлорофил. Тоа им овозможува да конвертираат енергија од сонцето во енергија за растење и развивање. И кај луѓето, железото се наоѓа во секоја клетка на телото. Сепак, и покрај неговото присуство, многу од нас не внесуваат доволно железо преку исхраната.

Сигурно си слушнал/а и за црвените крвни зрнца. Практично црвените крвни зрнца се составени од еден протеин кој што се нарекува хемоглобин и уште неколку витамини и минерали меѓу кои што се железо, витамин А, неколку Б витамини… За нас најпознато е железото и најчесто кога се “лекува” слабокрвност додаваме железо преку таблети, но ретко кој на долг рок го решил проблемот со слабокрвноста иако пиел терапија. Истиот момент кога таа ќе заврши работите најчесто се враќаат од каде што почнале.

Зошто не ја научиме лекцијата?

Најважната работа на железото е транспорт на кислород од белите дробови до сите клетки и ткива на телото. Но, железото самото по себе неможе да си ја заврши работата. Доколку црвените крвни зрнца го немаат и другиот потребен  “градежен материјал” за да се’ создаваат, тогаш ти можеш да додаваш железо колку што сакаш, но тоа ќе нема каде да “се смести”. Затоа овој клучен минерал и неговиот недостаток не е поврзан со наоѓање терпаии и храна што има железо туку потребно е наоѓање на начин на живот што ќе ги искомпонира сите процеси во метаболизмот на оптимално ниво.

Немање енергија, присуство на омалаксаност и несвестици во најлош случај се показатели и аларм дека нешто треба да се менува. Но не треба да се менува терапијата, апчето и продуктот. Треба да се смениш ти! Треба да се смени твојот начин на исхрана и живот!

Жените имаат поголем недостаток на железо од мажи поради месечниот циклус кој го имаат, а истото се случува и во бременост. Со добра и квалитетна исхрана секако дека можете да ги обезбедите потребните количини на железо.

4 начини до решение

  • Јадење на месо, особено телешко може да ви помогне во внесот на железо. Протеинот од месото е одличен извор на железо и за разлика од железото кое доаѓа од растително потекло, овој телото подобро го препознава и апсорбира. Истото важи и за морската храна и плодови.
  • Доколку сте вегетаријанци внимавајте со железо (моја препорака користете добар додаток во исхрана) или зголемете внес на мешункасти плодови (грав, леќа, грашок, боранија), зелено листести салати и растенија (спанаќ, блитва, рукола, марула…) и јајца
  • Витамин Ц. Уште една замка со железото е што тој е апсорбирлив во присуство на витамин ц. Затоа особено ако сте вегетаријанци гледајте да внесувате и други типови на зеленчук или овошје за да овозможите подобра апсорпција.
  • Користењето на додаток железо што го купувате од аптека често знае да биде и контрапродуктивно. Јас познавам многу луѓе кои користат, но постојано имаат проблем. Кога телото забележува големи внесови на железо нема ургенција за да го апсорбира и често тоа што ќе го внесете како апче само поминува низ дигестивен тракт и се исфрла. Затоа бирајте комплекси од мултивитамини природни, со мали концентрации кои се пијат неколку пати во денот. Ова се мои две препораки за мажи или жени.

И за крај како бонус и петиот начин на решение, размисли за целокупната исхрана. Куќа не се гради само ако имаш цигли. Потребни се уште многу состојки и материјали за да се изгради иако циглите се важен дел. Истото важи и со нашето тело. Потребно е се’!

Остави коментар

Your email address will not be published.