инсулин

Провокација на инсулин

Кој повеќе провоцира инсулин – протеини, јаглехидрати и масти

Епизода 720 – дали можеш да ми кажеш мислење за реакција на инсулин при внес на протеинот во телото, наспроти јаглехидрати и масти? – прашање поставено од Бојан

Мислењето мое никогаш нема да биде истресено од ракав. Јас имав некакви знаења од тоа што ми налетале информации, но сепак ме нурна час и половина во дополнителни истражувања. Науката во поглед на исхраната секојдневно вади некакви новини и истражувања и секогаш сакам да сум “up to date”.

Речиси не постои храна која што не прави тригер, односно не му придонесува на инсулинот да реагира. Кога зборуваме за тоа за протени наспроти јаглехидрати, постојат 4 аминокиселини кои што му прават реакција на инсулинот. Тие се леуцин, изолеуцин, валин и уште една за која што не ми текнува името. Тоа подразбира дека доколку јадеш месо или доколку користиш млечни продукти, ќе го провоцираш инсулинот. Дури има научни тврдења кои што зборуваат за тоа дека овие аминокиселини прават многу поголема провокација на инсулинот и од многу други јаглехидрати.  Дури и од попрости јаглехидрати кои што прават големи скокови на шеќер во крв.

Што тоа значи? Мешање на протеини со скроб или јаглехидрати многу би било пополезно, затоа што доколку доволно се испровоцира инсулинот и во исто време го кренеме нивото на шеќер во крв, тоа би било добра комбинација за регенерација и обнова на мускулните ткива. Затоа, после вежбање се практикува користење на млечни протеински прашоци. Самиот млечен протеин е практично и продуктот кој што прави и најголема провокација на инсулин. Тоа подразбира дека доколку го земеш после вежбање ќе имаш одлична провокација на инсулинот што ќе значи и многу подобра регенерација на мускулите.

Што е со мастите?

Кога се работи за масти, заситените масти се оние кои што прават провокација на инсулин. Затоа науката советува кога гледаме еден комплетен оброк комбинациите да бидат од протеин од сложени јаглехидрати и од поздрави масти, како незаситени масти. Еден од начините кои што јас би ти го препорачал е и користењето на суплеметација, односно омега 3.

Оваа тема на никој од вас не треба да ви прави конфузија во главата. Овие информации не се за секој од вас. Ова го одговарам стриктно за Бојан, бидејки можеби е човек кој што подлабоко влегол во исхраната. Оние кои што имате помалку амбициозни цели во исхраната и доколку целта ви е оптимален изглед и доволно енергија, тогаш не треба да се замарате со тоа какви аминокиселини ќе влезат или каква провокација на инсулин ќе се случи.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.