интегрална паста

Интегрална паста

Најдобра интегрална паста за дијабетичари

Епизода 684 – дали интегрална паста и тестенини се добри за луѓе кои имаат дијабет? – прашање поставено од @jakimovski164

Генерално можеме да речеме дека се добри за разлика од оние кои што се стандарден тип на тестенини и на паста. Кај интегралните јас не можам да ти кажам за најдобрите. Тоа зависи од типот на житарици од кои се направени и од нивниот процес на обработка подоцна. Сепак има две работи кои што треба да ги гледаш кај тестенини и кај етикетата на задната страна на опаковката.

Шеќер и растителни влакна

Бирај ги оние со најголема количина на растителни влакна и оние кои што имаат најмала количина на шеќер. Првото е многу поважно сепак, затоа што растителните влакна се оние кои што не дозволуваат брзо ослободување на шеќер во крв. Токму тоа бавно ослободување на шеќер е клучно кај дијабетичарите. Тоа е најважниот параметар и барај ги тие тестенини. Она што се мои познавања е дека ‘рж-от, житариците и продуктите од ‘рж се со најмногу влакна. Сепак од обработката подоцна можеби ќе се влијае на таа количина. Затоа барај ги оние кои што ги задоволуваат овие параметри.
И една друга работа кога се работи за човек во твоето семејство. Ако се бори со дијабетот јас би ти препорачал и би те поврзал со некои луѓе клиенти и мои пријатели како на пример Дејан. Тоа е човек што успешно се справил со дијабетот и преземал некои порадикални чекори. Не би ги наметнувал и не би ги давал како тврдење, затоа што не е во ред и не смеам  и не е тука местото, но доколку би се нафатиле би било супер да го искомуницирате. Доколку не, тогаш растителни влакна и шеќер се два параметри кои што треба да ги бараш не само во тестенини туку во било кој продукт.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.