постам

Како до мускулна маса кога постам

Постам и не сакам да ја изгувам мускулнат маса – што е правилно?

Епизода 716 – Што би препорачал како исхрана за мускулна маса во овој период кога постам? – прашање поставено од Виктор.

Доколку постиш и вежбаш, тоа е најдобро време за да се обратиш на портали и заедници кои што зборуваат за веганска исхрана. Велигденските пости се небаре многу слични на веганската исхрана. Воопшто не е проблем и во такви услови да ја градиш мускулната маса. Дали постиш или ќе се одлучиш да бидеш и веган, не би требало да имаш проблем. Најчестиот страв и дилема што сеуште постојат кај луѓето се околу претпоставката дека нема да се задоволиме со протеин.

Дали ќе задоволиш аминокиселини?

Така, ако гледаме за задоволување на количините на протеин, природата ни дала два извори на протеин. Тоа се животински и растителен. Од растителни извори навистина постојат многу извори. Затоа комбинирајќи оброци со растителни извори на протеини ќе ти помогне да ги надокнадиш сите есенцијални аминокиселини. Користење на јатки, просо, киноа, грав, грашок, леќа, боранија, печурки, тофу, соја и.т.н. се само дел од тие извори.

Денес и различни вегански протеини се’ се подостапни во малопродажбата. Jас сум сигурен и убеден дека ќе обезбедуваш доволно храна и гориво за твојата мускулна маса. Има многу примери на луѓе вегани кои што успеваат мноу добро во тоа. Една од нив е Елисавета и слободно искомуницирај ја за да ти помогне. Исто така во моментов има еден многу трендинг филм кој што се вика The game changer. Mожеш да го изгледаш и ќе ти даде супер идеи.

Не можам да ти кажам што точно да јадеш во денот во овој краток период од 2-3 минути. Можеш слободно да ми се обратиш назад да ти дадам линкови, насоки и групи каде што би можел подобро да се информираш и да добиеш идеи и рецепти. И се разбира, имај во предвид дека доколку си нов во оваа приказна ќе треба да губиш и повеќе време во планирање и подготовка на храна.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.