како до повеќе вода

Како до повеќе вода

7 начини како до пиење повеќе вода

Како до повеќе вода е нешто што многу често го слушам од клиентите. “Се подув од пиење”, “Не можам повеќе”, “Морам да пијам повеќе”. Многу од нив не се осеќаат дека имаат капацитет. Тоа е така од проста причина што некои луѓе пред тоа исклучиво пиеле вода буквално кога ќе бидат многу жедни.  Други пак имаат проблем со вкусот на водата. Најверојатно нема потреба да потенцирам и потсетувам зошто пиењето на вода е важно. Но, сепак ќе го направам за да можеби те поттикнам да се напиеш и сега :).

Зошто е важно да се пие вода?

Твоето тело е во најголем дел вода — односно од 60%-70% од твојата тежина. А течноста во твоето тело е вмешана во неверојатен број на функции. Водата ти е потребна за да ти помогне во обработка на храната и за транспорт на сите нутриенти до клетките. Потребна е исто и за да ги исфрли сите материи што твоето тело не ги сака. Без доволно вода регулацијата на температура ќе биде предизвик. Без доволно вода и зглобовите ќе имаат недостаток од подмачкување и мускулите ќе ти се уморуваат многу побрзо.


НАПРЕДНО ХИДРИРАЊЕ


7 совети што ќе ти помогнат да пиеш повеќе вода

Гледај ја

Може да биде од голема корист доколку потребната дневна количина за вода ја гледаш. Пробај стави ги шишињата со вода во просторијата каде најмногу го поминуваш денот и постави си цел да ја испиеш. Така постојано ќе се потсетуваш и ќе си дотураш во чаша.

Излади ја

Ладната вода е секогаш поатрактивна за пиење. Повеќе освежува за разлика од водата стоена во шише на собна температура. Секогаш имај на дофат ладна вода и понеси ја со себе, бидејќи ќе биде таква и во следниот саат време.

Разбуди се до неа

Навечер додека спиеме дехидрираме, затоа мој совет почнете го денот со вода. Дури имајте и шише покрај креветот па буквално напиј се вода и пред да застанеш на нозе.

Користи цефка

Пиење на вода со цефка е позабано, а и многу луѓе ми кажале дека можат да испијат поголема количина од вообичаено.

Збогати ја

Додавање на свежи растенија и плодови е секогаш добредојдено и интересно. Пробај додади неколку резанки лимон или лимета, или краставица, или свежо нане или ѓумбир, или рибизли. Тоа и дава дополнителна живост на водата.

Јади ја

Пробај буквално пред секој оброк напиј се 1 чаша вода. Не само што ќе ти помогне да внесеш поголема количина на вода, туку и ќе ти помогне да го контролираш апетитот и гладот.

Следи ја

Водење сметка за тоа колку вода пиеш ќе биде од огромно значење. Многу често се лажеме дека пиеме, па кога би почнале да водиме дневник и си запишуваме колку всушност секој ден пиеме вода сваќаме дека не е така како во приказната која си ја кажуваме дека пиеме доволно. Водењето на дневник и запишувањето на испиените количини вода ќе всади дополнително и дисциплина и контрола врз дневниот биоритам.

Остави коментар

Your email address will not be published.