кардио за мускулна маса

Кардио за мускулна маса

Дали ти е потребно кардио за мускулна маса

Епизода 633 –  дали со тренинзи кардио за мускулна маса може да биде штетно? И дали е добро барем еднаш еднаш во неделата кардио од еден час? – прашање поставено од @_b0j4n_

Нема шанси да паѓаат мускулите со кардио тренинзи. Претпоставувам во кардио тренинг подразбираш вежби што вклучуваат трчање, возење точак или пливање. Не постои физичка активност со која што ги уништуваш мускулите. Единствено на што можеш да скренеш внимание во врска со кардио тренинзите е во ситуации кога целта ти е качување на мускулна маса.

Има едно правило кое што вели дека доколку ти сакаш да покачуваш мускулна маса треба да работиш со поголеми тежини. Исто така најчесто се советува прво да работиш со тежините и тежинскиот тренинг. Подоцна можеби да отидеш на кардио дел за да го зачуваш гликогенот. Тој е оној кој што ќе ти биде потребен за енергија во текот на тренингот. И доколку правиш кардио прво има шанси да го потрошиш гликогенот па да немаш доволно енергија за тежинскиот дел од тренингот кој што е клучен за покачување на мускулна маса.

Немај страв за кардио

Немај никаков страв и сомнеж дека практикувајки кардио тренинг ќе губиш мускули. Тоа е мит и е глупост. Нема шанси и не постои затоа што кардио тренингот е најдобриот тренинг за најважниот мускул на телото. Без кардио срцето и кардиоваскуларниот систем ќе бидат “тажни”. Oд друга страна одредени кардио тренинзи имаат исто така доволно оптеретување на нозе што по автоматизам не може да придонесе губење за мускулната маса. Физичка активност секогаш стимулира одржување и задржување на мускулна маса, а немањето е она што може да ти ги уништи мускулите. И се разбира не заборавај исхраната е исто така многу важна. Особено ова важи за протеинскиот внес. Затоа 80% фокусот на исхрана и 20% фокус на физичка активност.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.