кето или хроно

Кето или хроно

Кето или хроно – што е разликата и која е подобра?

Епизода 711 – Рече дека хроно не е добро затоа што се прави рестрикција на овошје, а во исто време ја фаворизираш кето. Исто така вели дека не треба да јадеш многу овошје. Сакам да знам што е точно. – прашање поставено од Дивна.

Едвај чекав да одговорам на прашањето. Звучи контрадикторно, но ќе ти објаснам многу добро. Она што јас го велам не е дека не треба да практикуваш хроно, туку тоа да биде вистинската хроно искрана. Постои голема заблуда кај луѓето на нашите простори. Не знам како е на други места и во западните земји, но хроно исхрана не подразбира тоа што луѓето го подразбираат кај нас. Повеќето ја користат оваа исхрана за да ослабнат и притоа прават рестрикции на овошје во целост.

Хроно исхрана претставува воспоставување на хронологија на оброците. Тоа подразбира да го сетираш секој оброк во точен период од денот во зависност од твојот дневен биоритам. Во превод значи да јадеш да речеме во 7 во 10 во 13 во 16, 19 часот. Секој ден во точно зададено време ќе имаш оброк. Многу од луѓето сметаат дека хроно е нешто што треба да ти донесе слабеење. Било кој начин на исхрана која што промовира рестрикција на одредена група на продукти како овошје и зеленчук за мене е далеку од здрава и правилна исхрана.

Што е разликата кај кето

За кето си повторно во право и те разбирам, но има една разлика. Кето нема рестрикција на овошје туку различен баланс на макронутриентите. Не вели да не се јаде овошје и да живееш во рестрикција, туку да не јадеш овошја со висока количина на шеќер за да не излезеш од кетоза. Се сложувам дека поголем дел од овошјата ги нема и не се согласувам дека ја фаворизирам кето исхраната. Ниедна исхрана со име не е мој фаворит туку само споделувам мои искуства. Речиси сите ги имам пробано за да можам да дадам подобар одговор и помош.

Не постои најдобра исхрана. Постои само исхрана која што најдобро ќе се вклопи во твојот дневен биоритам и во твојот живот, бидејќи само така ќе ја одржуваш на долг рок. Дали ти ќе избереш fasting, кето или хроно, или пак вeганство е лична одлука. Јас ниедно од тие не би ги фаворизирал, иако со кето имав најдобро искуство. Не е исхрана која би ја избрал за да ја практикувам цел живот, бидејќи здосадува и сметам дека не е нешто што константно би требало телото да го искусува. Постојат научни студии кои што велат дека е супер, но постојат научни студии кои што велат дека и веганството е супер.

Труди се да си најдеш исхрана која што ќе се вклопи во твојот дневен биоритам. Немој да веруваш дека некоја од овие исхрани која што има име е најдобрата. За мене таа исхрана е појадок во првиот саат од будење и оброци на 3 до 4 часа. Доколку се наоѓаш во конфузија од информации и диети приклучи ни се во школата за исхрана и среди си ја исхраната засекогаш!

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.