кето оброци

Кето оброци

Кето оброци со малку калории

Епизода 712 – Дали можеш да ми кажеш ниско калорични кето оброци? – прашање поставено од Бојан.

Некако оваа недела се собраа прашања за кето. Прва работа Бојан, ниско калорични оброци е многу тешко да најдеш во кето исхрана. Сигурно си запознат со тоа дека и самата кето исхрана вели 70% од калориската вредност треба да доаѓа од масти. Потоа со 5% се застапени јаглехидратите и со 25% застапеност на протеини. Иако има повеќе верзии за тоа кој макронутриент колку треба да биде застапен, сепак оваа е општо прифатена формула. Како и да вртиш, мастите се со голема застапеност во сите кето насоки.

Кога би ги поделил така нутритивните вредности, ќе видиш дека е многу тешко да најдеш ниско калоричен оброк. Самите масти како нутриент треба да ги имаш со 70% вредност во твојот оброк од вкупните калориски потреби. Тоа значи дека секако си под голема веројатност да внесеш многу калории. Ако ги гледаш како енергетска вредност, мастите сами по себе се доста калорични. 1 грам на масти има 9 калории. За разлика од нив на пример протеини и јаглехидрати имаат по 4 калории во еден грам.

Кои опции ти се на располагање

Една опција доколку сакаш да имаш оброк кој што се класифицира како добар кето оброк, а притоа е ниско калоричен, можеш да одиш со почисти опции на месо. Попосни верзии на месо се на пример мисиркино или пилешко. Можеш да искомбинираш со темно зелени зеленчуци. Тоа е некоја моја опција која што јас би ти ја дал во моментов иако секогаш google е местото на кое што можеш повеќе да пребараш. Можеби нема многу содржини на македонски, но во таков случај можеш да пребараш на англиски јазик. Пробај со “keto meals”, “low calorie keto meals” и ќе видиш какви други опции ти стојат на располагање.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.