која форма на овес

Која форма на овес

Овесна каша, овесни снегулки или крупен – која форма на овес е најдобрата

Епизода 615 – која форма на овес е подобра за појадок и општо како оброк? Овесна каша или стандардните овесни снегулки? – прашње поставено од Ивана

Ако бараме подобри од овесна каша или стандардни овесни снегулки, јас би одел со стандардни овесни снегулки. И тоа по можност да се тие најмалку обработени, односно што се викаат крупни овесни снегулки. Причината за ова мислење е фактот што имаат најнизок гликемиски индекс.

Што значи гликемиски индекс. Тоа е категоризација на храната врз ефектот на шеќерот во крвта. Храна со висок гликемиски индекс брзо доаѓа во гликоза и дава енергија. Тука се на пример благо, сокови, бели пецива итн. Храна со низок гликемиски индекс е онаа што побавно ќе дојде до гликоза и дава оддржлива енергија. Тука спаѓаат на пример грав, интегрален ориз, интегрална паста итн.

Овесната каша кога ќе ја изедеш ќе направи поголем скок на шеќерот во крв. Тоа ќе значи и голем пад на шеќер во крв и активирање на инсулинот што ќе придонесе во текот на денот да имаш поголемо чувство на глад. Храната што прави игри со инсулинот е всушност храна што не држи толку ситост иако можеби стомакот си го наполнил. Сепак најадување не значи да го наполниш желудникот како торба, туку да го наполниш телото и клетките со хранлива вредност.

Најдобрата форма

За разлика од тоа, крупните овесни снегулки имаат низок гликемиски индекс. Дигестивниот систем ќе потроши повеќе време за да ги обработува и ќе имаат многу мал скок на шеќер во крв. Многу малку ќе го активираат инсулинот ќе држат ситост и нема да придонесуваат во остатокот од денот да имаш чувство на глад. Така да дефинитивно крупни овесни снегулки би бил најдобриот избор. И за крај немој да ме разбереш дека другите форми се нездрави или лоши. Овде зборуваме само за која форма на овес е подобра.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe.

Остави коментар

Your email address will not be published.