креатин

Креатин

Што реално можеш да очекуваш од користење на креатин

Епизода 649 – дали ако користиш креатин можеш да правиш повеќе серии на улично вежбање (street workout)? – прашање поставено од @vladimirmitricki

Креатинот е супер за да се зголеми енергијата. За оние кои што не знаете, креатинот кога ќе го има во телото во поголеми количини  овозможува поголемо ослободување на енергија. Во суштина тоа претставува подобро рециклирање на аденозин три фосфат (ATP). Tоа е валутата на енергија во нашето тело.

Ова комплексна органска молекула ја добиваме и создаваме преку консумација на месо. Односно, преку поголема консумација општо на протеини. Тоа е така затоа што се создава од аминокиселините. Доколку креатинот го внесуваш како суплеметација е во ред само е многу важно да имаш правилни очекувања. Не се залетувај да очекуваш дека ако си правел 5 дигања на шипка веќе од утре ќе направиш 10 само затоа што додаде суплемент креатин.

Што реално да очекуваш

Може да очекуваш да имаш повеќе енергија. Потоа тоа ќе придонесе за повеќе серии или повторувања и така до поголемо оштетување на мускулната маса. Ќе ти помогне и трошење на повеќе калории. Така истрошен, доколку имаш добра и квалитетна исхрана можеш да постигнеш подобра регенерација. На долг рок можеби побрзо ќе стекнеш поголема сила и поголема мускулна маса.

Самиот креатин нема да ти донесе поголема мускулна маса, но дефинитивно ќе ти даде повеќе енергија за да се истрошиш повеќе и да донесеш оптеретување на твоите мускулни влакна. И така на пример ако без креатин би направил напредок за 3 месеци, можеби со креатин би го направил истиот напредок за 2 до 2,5 месеци. Тие треба да ти бидат очекувањата. Сепак мускулите не можат да преку ноќ да ги следат твоите фантазии и да преку ноќ да направат огромен раст и развој.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.