лакомо јадење

Лакомо јадење

Лакомо јадење – кризите за храна и нашето тело

Изгледа како логична поврзаност дека на пример на бремена жена и прилега лакомо јадење. Ќе и се пријаде сладолед, но тоа е така поради недостатокот на калциум. Или сака да посегне по грицки поради недостатокот на натриум. Или сигурно познавате луѓе кои што на емотивна основа после стрес и “плачки” се задоволуваат со чоколадо. Тоа е така затоа што губат состојки за време на емоционалното нарушување што ги има во чоколадо на пример. Нашиот мозок е многу моќен. Секогаш знае каде да ве упати за да задоволите некоја ургентна потреба од одреден нутриент или хормон кој ќе поттикне задоволство ☺.

Во старите времиња не постоела прерботена храна со јак вкус на благо, солено или луто. Оваквите кризи на пример бремените жени немале опција да ги задоволат сем со добра природна храна од дворот можеби. Затоа имале здрава бременост и затоа најверојатно и да не сте слушнале за комплицирана бременост. Едноставно немало комплицирана храна и лоши навики.

Што се случува денес

Денес сите сме изложени на влијанија од лични, психолошки и социјални притисоци. Едноставно изложени сме на висока динамика и стрес. Во такви околности изборот на храна е еден начин како да задоволиме одреден емотивен или нутритивен недостаток за кои нашето тело и мозок совршено го наоѓаат.

И на крај сепак се работи за вкусот на кој ние сите паѓаме. Калциум на пример знаеме дека постои и во млеко и во сардина и во кисело млеко, но избираме сладолед бидејќи е далеку повкусно. Нели? ☺ Сепак се работи за нашата свест и за личен избор. И затоа после не окривувајте ја вашата бременост, хормони, немање време или стрес. Секој од нас е одговорен за својата моментална ситуација. Не е лесна борбата со храната, но е едноставна. Издржете и победете во следните 3 до 4 борби и после прашајте се како се чувствувате.

Повеќе за овие кризи погледната ја епизодава посветена на нив.

Остави коментар

Your email address will not be published.