мастика

Мастика

Џвакање мастика и нејзино влијание врз апетит и топење масти

Епизода 657 – Дали џвакање на мастика помага во намалување на апетит и во слабеење? – прашање поставено од Мими

Мојот одговор во старт кога го видов прашањето беше дека воопшто не влијае. Истото мислење и став ги имам сеуште затоа што би било глупост да човек очекува преку џвакање на мастика да слабее. Но, она што успеав да го најдам како научни студии и факти е дека џвакањето на мастика може да предизвика дополнително трошење на калории. Со тоа што ја мрдаме вилицата е пресметано дека може да се потрошат 3 калории на час. Свесна си дека тоа е премалку за топење на масти :).

Исто така она што дополнително прави џвакањето е тоа што откуцаите на срцето се менуваат односно се забрзуваат. Тоа е така затоа што се менува начинот на кој што ние дишеме и тоа влијае врз работата на срцето. Но, тоа сепак е далеку од доволно да човек очекува да слабее.

Како е поврзано со апетитот

За намалувањето на апетит најдов исто дека може да повлијае. Сепак ова не важи за сите мастики затоа што некогаш имаат различни вкусови и ароми. Тоа во позадина значи дека се користат различни типови на засладувачи. Некои се засладуваат со сорбитол кој што може да поттикне диареа. Други се засладуваат со аспартам кој што се поврзува со зголемување на апетитот. Така да има и вакви и такви студии и тврдења и тоа е се во зависност од типот на мастиката и можеби од нејзината додадена арома и вкус. Не очекувај да те ослабе. Не очекувај  дека ќе ти намали апетит. Целта на мастиката знаеме која и е и слободно користи ја за тоа. Нема ниту некоја  штета да ти направи, а слабеењето поврзувај го со начин на исхрана и начин на живот. Не очекувај овие работи да ти придонесат топење на масти.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.