млеко и јогурт

Млеко и јогурт

Која масленост на млеко и јогурт е подобра за тебе

Епизода 619 – Дали млеко и јогурт со намалена масленост е поздраво од обичнните, односно со нормална масленост? – прашање поставено од @blazevskirobert

За оваа тема има и овакви и такви тврдења и гласини. Она што во посовремено и помодерно време се повеќе го докажува науката е дека изборот на млечни продукти со мала масленост не гарантира бенефит. И не само што не си придонесуваме за нешто спектакуларно здраво да се храниме дури и има докази и логика дека е нездраво.

Зошто сме сметале дека нискомаслено е поздраво

Најголемиот страв од порано било дека високо маслените продукти придонесуваат за појава на холестерол. Истото се помалку се докажува дека е така. Појавата на холестерол многу повеќе се повруза со шеќер, цигари и физичка пасивност. Од друга страна млекото е создадено од масен и воден дел. Колку повеќе има воден дел во млекото толку повеќе е поголема количината на еден хормон кој што се вика IGF. Овој хормон во поголеми вредности и не баш добро влијае за оние скокови падови на шеќер. Односно влијае на инсулинот во телото и тоа придонесува за дополнително покачување на килограми.

Иако е тешко човек до толку го претера, сепак е подобро да не се зголемува тој хормон во телото. И уште една работа е што обезмастувањето на млекото е веќе еден тип на процесирање на храна. Тоа значи дека нема баш исто да се однесува како и кога е со повисока масленост. Колку низ повеќе процеси поминува толку повеќе се оштетува структурата и не се однесува исто кога ќе го ставиме во телото. Мое мислење лично е дека не треба да се грижиш и да можеби бараш ниско маслени млека и јогурти. Слободно оди си со стандардните и со нормалните, ќе ти влијаат многу подобро отколку обезмастените.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.