Немам глад наутро

Немам глад наутро – зошто е оваа појава?

Постојат два типа на луѓе, едни од нив се оние што ќе кажат – немам глад наутро. Другата група која е помалубројна јаде, но што јаде и колку е тоа во ред зборувавме овде. Е сега можеби под утро подразбираш целиот период пред пладне. Но, во суштина утро за телото е првиот час од будење.

Порано јас имав чувство дека не можам да ставам во уста ништо во првите 2–4 часа од будење 🌄. Не ни бев свесен дека нешто не е во ред со тој сигнал. Зошто го имав?

Магичниот круг

Најчесто, попладне и навечер имаме обилен ручек и поголеми дози на благо и грицки. Таа појава е многу честа и позната кај многу од нас. И ако се подразмислиме малку подлкабоку ќе разбереме еден круг и шаблон што ни се повторува. Всушност не јадењето наутро, а во исто време и занимавањето со дневните обврски создава да телото се преморува. Кога телото е преморено бара брза енергија, а брза енергија нашиот мозок препознава во шест пороци. Тие пороци се викаат благо, грицки, тесто, кафе, енергетски пијалоци и сок. Во превод се работи за голема количина на шеќер и масти кои што најчесто се оние “нездравите”.

Од една страна се работи за сериозна количина на шеќери и масти, а од друга страна сме тотално пасивни. Така уморни и залежани во дневна ☺, тие до утрото не успеваат да исчезнат од крвта. Така всушност се испраќа сигнал до мозокот дека ние не сме гладни. Овој магичен круг е секојдневие и најдобриот начин стихијно да си го хаварисаме телото.

Доколку го имате ова секојдневие треба да знаете дека тоа е аларм за “забавен” метаболизам. Само “забавен” и уморен метаболизам бара брзо гориво (шеќери и масти). Зошто постојат кризите за благо и дали има решение за тоа, можеш да дознаеш од следнава епизода на овој линк.

Остави коментар

Your email address will not be published.