одржливо слабеење

Одржливо слабеење

4 совети за одржливо слабеење

Епизода 667 – Како да постигнеш одржливо слабеење и никогаш да не ти се случи јо-јо ефект? – прашање поставено од Панче

Ова прашање многу често го зборувам со луѓето со кои што работам и со луѓето со кои што ми се обраќаат.

Прва работа. Одржувањето на твојот резултат и добра бројка на килограми е најтешката работа. Многу често ќе сретнете луѓе кои што од страна ви коментираат затоа што имаат генетски предиспозиции да не се здебелуваат. Или, едноставно имаат природна дарба или љубов кон спортување и исхрана. Често ќе ви кажат “ќе припазуваш на исхрана, ќе се движиш повеќе и ќе бидеш фит”.

Тоа ни од далеку не е така. Тие луѓе не разбираат дека не сите имаме таква дарба. Не на сите ни оди од рака да внимаваме на исхраната и да бидеме спортски активни така лесно. Генетиката не ни се насмевнала на сите со килограмите. Не на сите животните ситуации ни се насмевнале. Ситуациите во животот имаат голем удел на тоа како ние реагираме. Имаат улога врз емоциите и какви одлуки со храната носиме после тоа.

Кога човек ќе прифати дека е тешко, работите се многу поедноставни. Неприфаќањето дека е тешко е она што константно ве клизнува во овој процес. Многу од вас константно рипате во приказните дека за 7 дена ќе намалите одредена бројка на килограми. Очекувате дека со апчиња и со хеланки ќе ослабнете. Мислите дека постои диета која што е најдобра за слабеење. Тоа не постои. Постојат многу јасни правила во телото кои што треба да ги одржувате во континуитет.

Не се тепај ако направиш грешка

Прва работа каде што многу од вас паѓаат е тоа што на првата грешка почнуваат да се тепаат и да се пцујат во себе. На пример почнувате диета 7 дена и се е супер. Доаѓа викенд и некаква дружба, не можете да одолеете на одредено парче храна кое што ви е омилено, ја правите грешката и во глава си почнувате муабет “ете за ништо не те бива”, “еднаш ќе се заречеш и не можеш да останеш на зборот”. И што е уште пострашно, ако можеби грешката ја направите во петок оставате  3 дена во кои си велите “ок секако ја зезнав работата дај барем викендов да ја терам по ќеиф од понеделник ќе почнам повторно”.

Грешки сите правиме и мора да се прифаќате дека нема да биде без грешки. И јас правам, и тоа многу често. Но, она што си го кажувам во глава е “ок направи што направи, следното ќе биде подобар потег”. Никогаш не се судам, секако сите останати го прават тоа за мене :). И ако вечер јадам пица, пијам пиво и изедам благо тоа значи дека следниот ден оваа грешка нема да ми влијае на утрешните одлуки. Затоа кога и да напавите грешка не се тепајте. Продолжете си со тоа што е вашата цел и континуитет во тој начин на исхрана и начин на живот кој што вие сте го прифатиле дека е добар.

Калориски дефицит

Многу луѓе се обидуваат да кренат рачна со јадење и да отидат во дефицит и во граници кои што не можат да ги издржуваат. Значи ако речиси секој ден тој дефицит ви прави гладување и кризи, тогаш не го правете тој начин, тој не е за вас. Ако 500 калории ви се многу дефицит  одете со 200. Не мора да се фокусирате константно на брзината и на датумот со кој што вие ќе стигнете до одредена бројка на вага. Правете го побавно, потешко но нека биде одржливо. Затоа со калорискиот дефицит направете си стази. Замислете го процесот како видео игра. Одете 2 недели со дефицит од 300 калории, потоа следната недела нека биде без калориски дефицит.

Привикнувајте се на процесот и давајте му на телото да се привикнува на поедноставен и полесен начин. Потоа пак, 2 недели одете со 300 калории дефицит па имајте една недела каде што ќе нема калориски дефицит и тоа нека биде вашата игра. Прифатете го како 1 година проект во кој што нема да брзате, нема да слушате туѓи коменатари, нема константно од една во друга диета да се префрлате и нема да одите со големи калориски дефицити.

Остави ги бројките

одржливо слабеењеМожеби моментално животните ситуации ви се ок и можете да броите калории, да спремате кутии со оброци и да се држите до планот. Но, замислете кога ќе имате деца, брак, работа, нарушено здравје во семејството и уште 300 предизвици. На сето тоа вие си наметнувате уште 1 предизвик кој што подразбира пакувај кутии со храна, брои калории, масти, брои јаглехидрати, избегнувај одредени продукти, практикувај вежбање. Тоа не е одржливо слабеење. Ќе пукнете. Затоа ако веќе сакате да ги имате работите под конрола  нека бидат само калориите и протеините. Ако сте протеински и калориски задоволени најверојатно сте на добар пат.

Кој те советува и ти дава миселење

Ако почнете на еден процес држете се до него. Константно ќе слушнете од околината “јас знам една друга диета која што е подобра”. Или ќе ви налета видео на youtube  кое што вели дека нешто друго е подобро. Трет ќе ви каже после 8 не јади, четврт не мешај јаглхидрат и протеин. Премногу информации прават конфузија.

Не е квантна физика да изгледаш добро, да бидеш здрав и да се чувствуваш добро. Шаблонот на појадок, редовност на оброци и доволно вода верувајте е наједноставен. Веројатноста дека ќе прегладнувате е помала, веројатноста дека ќе изостане нешто во вашето тело е исто така помала. Затоа тоа е некоја стратегија која можеби треба да размислуваш да ја пробаш. Не е најдобрата, не е магијата или тајната и не е нешто што јас сум го измислил. Едноставно е начин како работите функционираат подобро според мене.

Предолго одење во екстреми и премногу пробување на диети кои што се тренд во моментот, не ти се во прилог. Тоа се работи кои што потешко се издржуваат и тоа ти го гарантирам. Минатиот месец бев и на кето и на intermittent fasting. Многу е тешко. Јас во 13:30 треба да го имам првиот оброк, а тогаш имам состанок. Како би го имал? Тешко е верувајте.

Ако на било каков начин можам да ти помогнам за да ти дадам дополнителна мотивација или инспирација за твојот процес на одржливо слабеење обрати ми се слободно и придружи ни се во школа за исхрана.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.