оризово млеко

Оризово млеко како замена

Оризово млеко како алтернатива на кравјото

Епизода 706 – дали оризово млеко во прав е добро и здраво да се консумира? – прашање поставено од Аце 

Аце оризовото млеко е одлично како алтернатива на млечните продукти. Kонкретно јас не гледам проблем, туку недостаток кај оризовото млеко. Причината е многу малта количина на протеин во тоа млеко. Доколку го користиш, на вкус тебе најмногу ти се допаѓа и ти е најпрактичното нешто, во тој случај пробај да го обогатуваш со протеини.

Mалата протеинска вредност ќе ти донесе можеби да не те држи доволно сит оброкот подготвен со оризово млеко. Во секој случај е супер алтернатива. Дали во прав или во тетрапак, мислам дека е подобро да ја користиш опцијата во тетрапак. И, доколку бараш алтернативи на млечните продукти, односно на стандардното кравјо млеко јас би одел со опцијата на сојно млеко. Има многу поголема количина на протеин и ако не се лажам има најголема количина на протеин споредбено со оризово, бадемово, кокосово.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.