пилешко месо кај жени

Пилешко месо кај жени

Стравовите и митовите за пилешко месо кај жени

Епизода 617 – дали е вистина дека исхраната со многу пилешко месо кај жени може да предизвика проблеми? – прашање поставено од @frosjovanovska

Ако разговараме за тоа дали количински жените треба да јадат помалку од мажите, тогаш да. Едноставно жените самите по себе имате помали калориски потреби во текот на денот, следствено на тоа и протеински потреби. Доколку ме прашуваш поради тоа што се плашиш од гласините и поврзувањето дека јадењето на многу пилешко месо придонесува за неплодност, тогаш повторно немаш цврста основа.

Што вели науката

Научно не е докажано, и реално треба навистина да претераш со јадење на пилешко месо за да можеби придонесе кон тоа. Од друга страна се’ поврзува и со тоа дека јадењето на пилешко месо придонесува за хормонален дисбаланс. Исто така се поврзува и со влегувањето на девојките побрзо во пубертет. И за ова, повторно не можеш да го окривиш пилешкото месо. Во било кое месо на денешницава многу често се користат секс хормони и хормони за раст.

И на крај на денот влегувањето во пубертет порано кај денешните генерации, за едни научници е поврзано со јадење општо на месо, а за други научници тоа не е вистина. Затоа нема точно дефинирано дека да ќе ти придонесе. И сепак, хормоналниот дисбаланс или било какво пореметување на метаболичките процеси е поврзано со неправилни навики кои што на долг рок се провлекуваат. Не е поврзано со конкретен продукт кои што ти можеби ќе го изедеш и ќе ти направи проблем. Нема продукт кој што прави проблем и нема продукт кој што решава проблем. Има само добри и лоши навики кои што создаваат или решаваат одредени проблеми. Јас би те советувал да не се плашиш за пилешкото месо и да го консумираш во доволни, нормални количини.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.