повеќе вода

Повеќе вода

Повеќе вода vs. повеќе потење

Епизода 645 – Дали потењето може да биде предизвикано од внесување на повеќе вода? – прашање поставено од @zaharievvnikolaa

Генерално потењето е на еден начин ладење на телото и е особено изразено во овие топли месеци. Дојдово до неколку статии од доктори и научни студии кои што зборуваат дека зголеменото внесување на вода ќе го зголеми и потењето. Тоа е многу логичен исход, но сепак не е позитивно за телото. Едноставно се што е претерано не е во ред.

Постојат две официјални и генерални препораки за оптимален внес на вода на дневно ниво. Едната вели дека 1,6 литри вода е сосема доволна количина и ова правило важи за девојки. Кај мажите вели дека 2 литра на вода е добра количина. Од друга страна пак светска здравствена организација има правило кое што вели дека на 25 килограми телесна маса треба  да се пие 1 литар вода. До некаде се косат овие 2 правила но во секој случај, практикувањето на нешто што е во средина помеѓу овие две тврдења би било супер.

Топење масти или контраефекти

Многу луѓе сметаат дека пиењето на поголема количина на вода ќе придонесе за слабеење. Вистината е дека доколку ти се трудиш да пиеш многу вода мислејки дека тоа ќе ти помогне во топење на масти или на намалување на килажата многу се лажеш. Со оваа стратегија, напротив можеш да направиш оптеретување на твоите бубрези. Тие се задолжени да го контролираат нивото на течности во телото.

Исто така може да направиш проблем со тоа што ќе ја разредиш крвта, односно ќе го намалиш нивото на натриум. Сепак натриумот е задолжително да го има во одредени количини во крвта. И затоа пак ќе ти речам се што е претерано не е во ред. И да, претераното пиење на вода може да придонесе за зголемено потење. Затоа прифати некои од овие правилата погоре и биди умерен.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

1 Comment

  1. Josif mojata rabota e vo odenje i do 15-20 km. Vo tekot na denot i normanlo e deka vo ovoj period da se potam ,e sega za vozvrat pujam i do 2.5litri voda od 8-14:30 casot ,kaxi mi sega dali e vo red ili ne e

Остави коментар

Your email address will not be published.