Повторувања или тежини

Повторувања или тежини

Што е поважно кога правам вежби за раце – повторувања или тежини?

Епизода 718 (Повторувања или тежини) – Дали е ист ефектот доколку правам повеќе вежби со помалку повторувања или помалку вежби со повеќе повторувања? Имено за рамо правев 2 вежби по 50 повторувања, а сега ги заменив со 4 вежби со 25 повторувања. Забележав дека иако ми се издефинирани мускулите, сепак немам многу сила во рацете општо. Па деновиве мислев и ми дојде логично дека со повеќе тежина и со помалку повторувања ќе го решам ова и ќе добијам сила. – прашање поставено од Елена.

Елена за ова прашање јас немаше да знам да ти одговорам и ја прашав Дијана. Она е персонален тренер во Fitness Park, експерт по кинезиологија и има многу искуство и знаење позади неа. Еве го нејзиниот одговор кој што она ми го даде:

“50 повторувања не се прават и никогаш не се важни повторувањата туку целта што сакаш да ја постигнеш. Па со самото тоа, за вежби кога се работи за раце важи следното правило. Природната состојба на телото и движењата кои што ги правиме секојдневно се во многу поголем број со влечење и земање отколку што правиме буткање односно туркање. Земи на пример облекување, јадење, работни обврски итн. Туркањето е многу помалку застапено за разлика од влечeњето. И затоа треба вежбите за раце секогаш да ти се распределени 3:1, односно да правиш три вежби со влечење наспроти една со туркање”.

Реши си ги сите дилеми околу вежбањето

Tоа е она што Дијана го кажа. Дополнително додаде и те советува доколку имаш овакви дилеми како ова со повторувања или тежини, да се приклучиш на FitBiz Academy. Истата ја организираме од крај на март до крај на април. Приклучи се и многу повеќе ќе дознаеш околу вежбање, фитнес, велнес и она што можеби тебе те интересира. На крај ќе си добиеш и интернационално признат сертификат од IBFF.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.