подуеност од јајца

Подуеност од јајца

Што ако се појави подуеност од јајца

Епизода 641 – Дали е можно да имам подуеност од јајца, слична како онаа со лактозата со грчеви во стомакот? – прашање поставено од @nikoloskaaa

Се разбира дека е можно, особено кога се работи за дигестија. Дигестивниот систем односно обработката и апсорпцијата на храна  е многу сложен процес. Сеуште недоволно познат за науката и медицината. Она што јас би те советувал е прво да провериш дали можеби имаш алергија на јајца. Овие проблеми со подуеност, гасови и сличните симптоми може да се сигнал за интолеранција и алергија.

Најчесто доколку се работи за алергиска реакција или интолеранција би требало да биде пропратена со некои други симптоми. Таквите рекации носат на пример осипи на кожа, чешање, проблеми при дишењето и.т.н. Затоа јас не би ти кажал дека со сигурност имаш алергија и тука да го заклучиме прашањето, но поради сериозноста би те советувал прво навистина да провериш дали се работи за алергија.

Што да превземеш во меѓувреме

Имам неколку совети и предлози што можеш да ги примениш за да си сигурен/на дека се работи за нешто повеќе од обична подуеност.  Ако јадењето на јајца ти е секојдневно би ти рекол да пробаш да не е секојдневно односно да практикуваш преку еден ден или два дена. Исто така можеш да пробаш да ги готвиш малку подолго. Ако до сега си ги јадела варени и поровки остави ги подолго во водата да се варат. Или ако ги пржиш, а притоа не ги оставаш подолго во тавчето, тогаш пробај да ги направиш покрцкави за да има подобра обработка на јајцето пред да влезе во дигестивниот систем.

Исто така размисли дали можеби нешто додаваш заедно со јајцата што може да поттикне мака со дигестијата. Дали додаваш зејтин, или некакво зеленчук или некаков млечен продукт. Така да не би ти дал јас конечен одговор и тука да го решиме твојот проблем, туку ти давам насоки кои што можеш да ги размислуваш доколку сакаш да си помогнеш.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.