полиоли - замена за шеќер

Полиоли – замена за шеќер

Вештачки засладувачи или полиоли – замена за шеќер

Епизода 606 – дали полиоли се здрава замена за шеќер? – прашање поставено од @bubeshopova.

За оваа тема и прашање успеав да најдам научна студија од Оксворд универзитетот. Овој тип на засладувач – полиолите е утврдено дека се разлкуваат од оние стандардните. До сега сигурно си сретнувал продукти на кои што пишува “нема додадени шеќери” или “0 (zero) sugar”. За разлика од другите вештачки засладувачи кој што се користат често и во мастики и во процесирана храна, полиолите се најдобрите всушност.

Што вели науката

Науката смета дека оние другите вештачки засладувачи прават проблем со микробиомата. Всушност тоа значи дека во дигестивниот систем не баш добро се “спријателуваат” со потребните бактерии – народски кажано. Има неколку научни студии кои што говорат дека и стандардните вештачки засладувачи имаат ризик за појава на дијабет тип 2. Имено, е пронајдено дека засладувачите немаат позитивен ефект врз микробиомата и на тој начин носат ризик за оваа хронична појава. Тоа е доволно за мојот заклучок да биде позитивен.

Ако ме прашуваш каде да ги најдеш за да ги купиш и употребуваш, искрено не знам. Не сум имал потреба да ги побарам и не сум доволно запознат. Не користам било какви алтернативи или засладувачи. Мојата филозофија генерално е дека пред се’ треба да најдеме начин на исхрана за да не дојде до потреба за благо. Доколку потребата за шеќер, благо, грицки, тесто, пијалоци е присутна, тогаш наогање на “здрава” алтернатива не е најдоброто решение.

Но, сепак доколку сакаш да ги користиш и до сега ти имаше дилема, дефинитивно се добри и за дебелото црево. Не прават никакви контра индикации и се одлична замена за шеќерот. Дополнителен факт е тоа што и нивниот гликемиски индекс е добар. Тоа значи дека имаат позитивен ефект врз шеќерот во крвта откако ќе се внесат во телото. Баш поради тоа доста го препорачуваат и за дијабетичари.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe.

Остави коментар

Your email address will not be published.