пред вежбање

Пред вежбање

Суплементација за пред вежбање

Епизода 656 – дали и кои суплементи се добри за пред вежбање, и конкретно ме интересира за BCAA и аргинин? – прашање поставено од @mustafoskyy

Моето мислење е дека најкористениот суплемент за пред вежбање е L-carnitine и креатин особено луѓето инволвирани во класичен и функционален фитнес. Конкретно ако мене ме прашуваш, јас користам чај наречен thermojetics. Ми се допаѓа затоа што е збир од 7-8 билки и прави термогенеза. Има во него и кофеин, зелен чај, црн чај, кардамом, хибискус итн. Ми дава доволно енергија и обезбедува некаде ако не се лажам од 70 до 100 калории потрошени. Не ги користам креатин или L-carnitine не затоа што имам лошо мислење туку затоа што ова ми се допаѓа повеќе.

Каде е BCAA

BCAA исто така е препорачливо и добро е да се користи. Всушност од 21 амино киселини кои што ги формираат сите протеини, 3 се издвојуваат и се викаат Branched – chain amino acid, односно скратено BCAA. Oд нив можеби најзборувана е леуцин затоа што леуцинот е еден тип на гласник. Им соопштува на другите амино киселини дека треба да почне регенерацијата на мускулите. Затоа се смета дека BCAA  е добро да се конзумира за време на вежбање. Најдобро е да ги раствориш во вода и да ги пиеш за време на вежбање или да ги пиеш во текот на денот во денови кога планираш да бидеш активен.

После вежбање јас би ти препорачал да консумираш протеински прашок како шејк за да ти обезбеди добра регенерација. Така да тие се некои мои насоки, совети и опции кои што би ти споделил. Значи, за пред вежбање можеш да користиш и креатин и L- carnitine. Исто така можеш да користиш и гуарана, но овде зборувам за билката а не за енергетскиот пијалок :). За време на вежбање BCAA и после вежбање обавезно протеински шејк.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.