претерување со здрава храна

Претерување со здрава храна

Дебелеење при претерување со здрава храна

Епизода 630 – дали ќе се случи дебелеење при претерување со здрава храна особено со јаткастите плодови? – прашање поствено од @stefan_pan

Дефинитивно дека може и треба да се случи. Всушност и нема по фрустрирачко нешто од тоа да “се храниш здраво ” а да се здебелиш. Имено јас познавам многу луѓе кои ме комуницираат или со кои што работам што се заглевени во ова тркало. Тие луѓе имаат мислење за себе дека константно припазуваат, внимаваат и се трудат да се хранат здраво, но никако да ослабнат. Тоа е така затоа што ако се храниш здраво не значи дека се храниш и правилно.

Здраво vs. Правилно

На пример првата перцепција за здраво хранење е што повеќе течности, што повеќе овошје и што повеќе зеленчук. Сепак, овошје и зеленчук ти можеш по цел ден да јадеш, но тоа не значи дека е правилно. Иако овошјето и зеленчукот се сметаат како здрави продукти сепак телото нема потреба само од природен шеќер, витмини и минерали. Телото секојдневно ти бара и протеини и сложени јаглехидрати и масти и  витамини и минерали, Не се работи само еден тип на продукт кој што е супер здрав и ќе ја направи разликата.

Ги спомна и јаткастите. Ако ги зборуваме како дел од здравата храна дефинитивно може да придонесат да не намалуваш на килажа  од причина што се прилично калорични. Некаде 100 грама од јаткасти плодови имаат од 400 до 800 па дури и 900 калории. Тоа е прилично голема калориска вредност. Особено важно за девојки кои што можеби  имаат 1500 или 1600 калории како дневни потреби.

Да, може да се здебели човек од здрава храна и затоа не е целта да гледаш само што е здраво. Целта е да се направи баланс, редовност и континуитет на оброците. Ако ти треба дополнителна помош, обрати  ми се назад и ќе поразговараме подетално за твоите потреби и твојот ден или приклучи се на школа за исхрана и среди си ја исхраната за секогаш.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.