слабеење додека вежбаш фитнес

Слабеење додека вежбаш фитнес

Што да правиш со храната за слабеење додека вежбаш фитнес

Епизода 601 – што да правам за мисијата слабеење додека вежбаш фитнес? Сакам да намалам килограми, но не знам од каде да почнам со исхраната. – прашање поставено од @gjorgievski

И без да се бавиш со фитнес, исхраната што ти треба за целта која што ја имаш нема многу да се разликува од она што би требало да го правиш и додека вежбаш. Единствено ќе има разлика во некои детали, во смисла што треба да направиш после вежбање. Речиси 80% од твојот изглед зависи од исхраната.

Што ми е поентата. Не знам колку ме следиш долго, но мојата филозофија на правилна исхрана и како изгледа мојот ден е следново: Најдоцна во првиот час од будење имам појадок, на секои 3-4 часа распоредувам оброци. Независно дали се тоа ужинки или главни оброци гледам да имам таков ритам. И, се разбира пијам доволно вода (на 25кг телесна маса по 1 литар вода). Тоа е мојата стратегија за нездебелување и бегање од проблеми.

Што значи всушсност слабеењето

Намалувањето на килограми најмногу се базира на тоа да не покачуваш килограми. Барањето на краткорочна стратегија за да намалиш најчесто ќе заврши брзо. Подоцна, најверојатно ќе се вратиш на старите навики кои ќе ти ги донесат старите проблеми, односно вишокот на килограми. Така да на прво место нека ти биде тоа да најдеш начин на живот и квалитетна исхрана.

Кога зборуваш за фитнес и доколку си активен, тоа е супер! Тоа значи дека само ќе треба да покачиш во калории во текот на денот затоа што фитнесот нормално ќе ти придонесе дополнителен трошок на калории. Дополнителноте оптеретување на мускулната маса која што треба да се регенерира побарува во првите 30 минути после тренингот да додадеш некаков протеински шејк кој што ќе ти направи регенерација. Дополнително можеби ќе ти треба уште некоја ситна суплементација кон крајот на денот за да обезбедиш уште поквалитетно закрепнување на оштетените мускулни влакна за време на спиењето.

Но, повторно не можам да ти кажам како треба да изгледа во целост твојот ден. Ми требаат уште неколку детали за твојот дневен биоритам и за тоа колку си висок, тежок и.т.н. Затоа ако ти треба помош и сакаш да си ја постигнеш целта и да си ја решиш оваа дилема за секогаш, тогаш дојди на школа за исхрана.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe.

Остави коментар

Your email address will not be published.