соја

Соја

Соја како замена за месо

Епизода 647 – дали соја е добра и здрава замена за месото? – прашање поставено од @andrijana_s

За сојата од мене имаш зелено светло да ја користиш. И јас користам соја дали како ужина – грицки или оние шницли кои што се продаваат знам некогаш да ги користам во главно јадење. Стравовите со соја не се нови и се поврзани со тоа што луѓето најмногу се плашат за генетски модифицираната соја.

Научни студии имаат и вакви и такви тврдења. Има мислења дека фитоестрогените во сојата може да ги имитираат естрогените во телото. Сметаат дека можеби кај мажите ќе направи стерилност и.т.н но тоа сеуште не е докажано. Сепак фитоестрогени и естрогени се тотално различни нешта. Од друга страна, други научни студии велат дека е супер да се користи па и јас сум некаде на таа страна. Сојата е растение кое што е комплетен протеин, односно ги има сите есенцијални амино киселини. Најголемата забуна и страв е тоа што луѓето сметаат дека јадејки генетски модифицирана соја може да им се случи загрозување на плодноста.

Алиби или вистинска претпазливост

Мислам дека тоа само едно супер алиби на луѓето зошто да не јадат соја. Лесно е да се откажеш од продукт со кој што не си растел и не ти бил понуден во исхраната како дете. Зошто еве не се откажат луѓето од на многу други начини како да ја загрозиш плодноста. За шеќери, цигари, транс масти и процесирана храна постојат милиони докази, факти и статии кои што велат дека не е добро да се јадат па сепак се јадат на големо :). Истите тие ти го загроуваат и здравјето и плодноста многу повеќе.

Сепак линија на помал отпор е секогаш полесно да избереш. За сојата многу е лесно да продолжиш да не ја јадеш. Како и да е, твое е правото и ти ќе си одлучиш дали ќе ја користиш. Јас ти го кажав моето мислење и имаш зелено светло. За мене стравот е сосема неоснован затоа што луѓе кои јадат месо треба да се свесни дека голем дел од светската популација на животни користи генетски модифицирана соја. 95% од светското производство на генетски модифицирана соја оди за сточна храна.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.